Одбележување на “Ден на Св. Методиј” 2022 г. во Елванген

Градот Елванген во Германија по 52-ви пат го слави Денот на Свети Методиј

По двегодишна пауза поради пандемијата, градот Елванген можеше да го прослави Денот на Методиј на вообичаен начин, со покана од градоначалникот Михаел Дамбахер.

Градоначалникот на Елванген заедно со дипломатските претставници на Македонија и Словачка одржа пригоден говор, пред насобраните почитувачи на делото на Св. Кирил и Методиј.

Градоначалникот на Елванген, г-дин Михаел Дамбахер, држи говор на “Денот на Методиј” пред споменикот на Cвети Методиј

За овој ден дојдоа бројни Македонци од околните градови како Ален, Улм, Синделфинген, Боблинген и Штутгарт. Претставници на здруженијата и црковните заедници на македонската дијаспора во Германија заедно со Делегацијата од македонската амбасада во Берлин, положија венци и свежо цвеќе на спомен обележје во чест на Св. Методиј во Елванген.

Споменикот за Свети Методиј беше преуредувано од градот Елванген. Додека камениот рељеф на скулпторот Ханс Шебле (1904-1994), родум од Елванген останува на првобитното место, бронзените плочи во преминот беа поставени недалеку од нивното старо место.

Полагање венци на Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт и на Централниот совет на Македонците во Германија:

Пред спомен-обележјето на Свети Методиј: македонскиот амбасадор Рамадан Назифи со претседателот Трајче Костадиновски и членовите на црковниот одбор на МПЦО „Свети Кирил и Методиј“, Штутгарт

Во рамките на програмата за чествување на Денот на Св. Методиј, богослужбата на Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт во базиликата Свети Витyс ја отслужи свештеникот Миле Вељановски.

Богослужба на МПЦО „Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт во базиликата Свети Витyс

Централниот совет на Македонците во Германија му се заблагодарува на градоначалникот Дамбахер за успешната меморијална манифестација. Веќе со нетрпение очекуваме да учествуваме на „Денот на Свети Методиј“ во Елванген следната година и на сите учесници и граѓани на Елванген им посакуваме сé најдобро.

Прочитајте тука повеќе за 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“: