Македонска поезија во Франкфурт – ретроспектива 1999

Извадок од „Македонија“ – илустрирано списание на матицата на иселениците од Македонија

Број 549 – 1999 г.

Македонска поезија во Франкфурт

Меѓу многубројни Македонци кои овде егзистираме, живее и работи и нашата поетеса г-ѓа Вера Танчева. На 16 јануари во Франкфурт се одржа промоција на нејзината збирка песни “Огнен поток”. Изненадувачки беше големиот интерес спрема поезијата на нашите сонародници кои дојдоа во неочекуван број. Салата беше претесна да ги прими сите посетители кои доаѓаа и од оддалечените градови од Франкфурт, како претседателот на МК “Вардар” од Синделфинген, наставничката за дополнителна настава по македонски јазик во Штутгарт, Бранка Ивановска, бизнисменот и поет од Вилинген Васил Пецуровски, поетесата од Менхенгладбах Костадинка Ѓорѓевска, познатиот македонски хирург Жан Митрев, претставници на МК “11 Октомври” од Франкфурт и многу други.

Во необична тишина се слушаа стихови за болните разделби од мајката и татковината, за убавината на родната грутка, за незаборавеното славно минато на нашиот народ…

Дружењето заврши со незаборавна заедничка веселба што траеше до раните утрински часови.

Димитар-Митко Пановски, Франкфурт

Насловна страна на “Македонија“ – илустрираното списание на матицата на иселениците од Македонија