Градот Елванген во германскатa сојузна покраина Баден-Виртемберг по 53-ти пат го слави Денот на Свети Методиј
Градоначалникот на Елванген, г-ин Михаел Дамбахер, го одбележа Денот на Свети Методиј, кој заедно со неговиот брат Свети Кирил се сметаaт за сесловенски апостоли. Според преданието, Методиј бил затворен во Елванген во годините по 870-тa година.
Градоначалникот на Елванген во присуство нa поканетите генерални конзули од Република Македонија и Република Словачка и други државни претставници одржа пригоден говор пред насобраните гости и почитувачи на делото на Св. Кирил и Методиј.
Градскиот свештеник проф. д-р Свен ван Меген и сите генерални конзули повикаа „да се изградат мостови во Европа и да се помине низ отворените врати. Само заедно ние Европејците можеме да имаме добра иднина“.
За овој ден дојдоа бројни Македонци од околните градови како Ален, Улм, Синделфинген, Боблинген и Штутгарт. Претставници на здруженијата и црковните заедници на македонската дијаспора во Германија положија венци и свежо цвеќе на спомен обележје во чест на Св. Методиј во Елванген.
Во рамките на програмата за чествување на Денот на Св. Методиј, богослужбата на Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт во базиликата Свети Витyс ја отслужи свештеникот Миле Вељановски.
Споменикот за Свети Методиј беше преуредувано од градот Елванген во 2022 година. Додека камениот рељеф на скулпторот Ханс Шебле (1904-1994), родум од Елванген останува на првобитното место, бронзените плочи во преминот беа поставени недалеку од нивното старо место.
Совет за читање: Пред споменикот на Св. Методиј во Елванген
Со првите македонски иселеници во Германија во 1970-тите години, градот редовно го посетуваат на Денот на комеморацијата бројни Македонци и од внатрешноста и од соседните земји. На 1 јуни 1996 година, по барање на македонските здруженија во Германија, тогашната македонска влада постави триделна спомен-плоча со следниот натпис на македонски и германски јазик:
IN VEREHRUNG UND EWIGER DANKBARKEIT FÜR UNSEREN AUFKLÄRER UND CHRISTLICHEN MISSIONAR, DEN APOSTELGLEICHEN HEILIGEN METHOD VON DER REPUBLIK MAKEDONIEN DEM MAKEDONISCHEN VOLK UND DER MAKEDONISCH ORTHODOXEN KIRCHE | СО ПОЧИТ И ВЕЧНА БЛАГОДАРНОСТ КОН НАШИОТ ПРОСВЕТИТЕЛ И ХРИСТИЈАНСКИ МИСИОНЕР, РАМНОАПОСТОЛ СВ. МЕТОДИЈ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА |
Централниот совет на Македонците во Германија му се заблагодарува на градоначалникот Дамбахер за успешната меморијална манифестација. Веќе со нетрпение очекуваме да учествуваме на „Денот на Свети Методиј“ во Елванген следната година и на сите учесници и граѓани на Елванген им посакуваме сé најдобро.
Прочитајте тука повеќе за 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“: