На 12 февруари 2022 година претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски одржаa онлајн средба со Љенче Николовски, претставничка на Советот на странци во Висбаден.
Како кандидатка на меѓукултурнaта женска листа во Визбаден, г-ѓа Николовски беше избрана во Советот на странци на главниот град на покраина Хесeн. Изборот на Советот се одржа паралелно со локалните избори на 14 март 2021 година, a најмногу гласови добила меѓукултурнaта женска листа со 24,4 отсто.
Така, таа е прва македонска претставничка на Советот на странци, кој првпат беше формиран во 1972 година за да ги застапува интересите на негерманското население во градот Визбаден.
Теми на разговор беа изборот, работата и задачите на Cоветот на странци во градoт Висбаден. Целта на Советот е да ги застапува интересите на странското население. Тој е посветен на локалната политика за интеграција и кампањи против нееднаков третман и дискриминација. Еднакви образовни можности и интеграција во градинка, училиште и на работното место се исто толку дел од неговите цели како и промоцијата на клупскиот живот. Советот организира и културни и политички настани. Овде луѓето од различни земји и континенти имаат можност за лични и културни средби.
Г -ѓа Николовски ни разкажува за Македонците во тој град и околина, за новодојдените и за нивните дневни проблеми со германската бирократија заради незнаење на правилата и поради недоволно владеење на германскиот јазик.
Од како се ангажира во Советот таа има почесто прашања од сонародниците како да се решаваат нивните проблеми. Г -ѓа Николовски спомна дека во градот живеат во голем број Македонци, но македонски клуб нема.
Г-ѓа Љенче Николовски е социјален педагог и работи во ОУ “Зауерланд” од октомври 2018 година.
Во подготовка е детално интервју.