Cредба меѓу Централниот совет на Македонците и г. Даријан Сотировски (КОВЗРГ)

На 18 февруари 2022 година претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски одржаa онлајн средба со г-дин Даријан Сотировски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ).

Претседателот Кленкоски го известува дека Управниот одбор на Советот на Македонците планира да ја возобнови прославата и чествувањето во чест на Св. Методиј во Елванген. Бидејќи неколку години оваа манифестација од страна на Македонците е занемарена, Советот планира во соработка со здруженијата, Амбасадата во Берлин и Агенцијата за иселеништво да го подигне нивото на свеченост во мај 2022 година.

Директорот Сотировски ја подржува иниацитивата за возобновување на прославата во чест на Св. Методиј во Елванген, додавајќи дека Св. Кирил и Методиј се личности кои Македонците ширум светот треба да ги слават.

Г-дин Сотировски нагласува дека традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ која Комисијата ја отпочна во далечната 1969 година, треба да послужи како пример како да се обнови и одбележувањето во Елванген.

СОСТАНОК СО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА СОВЕТОТ НА МАКЕДОНЦИ ВО ГЕРМАНИЈА (kovz.gov.mk)