Централниот совет на Македонците во Германија ја поздрави идејата за воспоставување ‘МКарта’ што ја доделува министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како картичка за идентификација на успешни македонски граѓани од дијаспората. Претседателот Кленкоски нагласи дека се работи за признание на работата на еден симболичен начин и е почит кон нив и нивните дела.
Меѓу носителите има истакнати научници, лекари, бизнисмени, културни работници, политичари и инженери кои ќе можат да користат брза лента на двата македонски аеродрома – во Скопје и во Охрид и бесплатен влез во разни културни институции со оваа „МКарта”.
Претседателот Кленкоски посочи дека со уште повеќе идеи за соработка, со покревање заеднички иницијативи на планот на кулутрата и економијата, македонската држава и дијаспората можат да направат многу за иднината на татковината и повикува уште повеќе да се поврзуваат успешните иселеници и да се донесува нови знаења и инвестиции, да се отвора нови пазари за македонските производи, нови простори за македонското творештво, за повеќе работни места и поквалитететен живот во Македонија. Македонската дијаспора треба да биде поактивно и присутна во политиката и економијата на Македонија. Македонија има и пријатели, и партнери и поддржувачи меѓу државите во светот. Но, пред се, Македонија ја има својата дијаспора, секој наш успех е успех и за Република Македонија. Преку напорни реформи дома, Македонија да ја градиме со највисоки вредности, критериуми и стандарди. Преку отвореност кон надвор, го унапредуваме угледот на Македонија во светот. На нашиот пат се бориме и со погрешни перцепции, негирања и со блокирања, но истрајуваме и не ќе престанеме. На тоа не обврзуваат македонските граѓани во Република Македонија, но и сите синови и ќерки на Македонија во дијаспората, дополнува Кленкоски.
Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија им честита на сите добитници на „МКарта“.