
Почитувани Македонци и Македонки во Република Македонија и насекаде во светот, од име на Централниот Совет на Македонците во Германија најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ.
Дa се потсетуваме на генерациите кои се изборија за двете наши републики – Крушевската во 1903-та и АСНОМ-ската во 1944-та година, кои оставија неизбришлив траг во колективната меморија на македонскиот народ.
Да го почитуваме и славиме Денот на двата Илиндена, со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем ден.
Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија!