Средба co Агенцијата за иселеништво во Лацен/Хановер

На 2 октомври 2022 во просториите на Македонскиот клуб “Илинден” во германскиот град Лацен во округот Хановер, претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски заедно со раководството на Клубот “Илинден” и МПЦО “Св. Спас” со парохискиот свештеник Отец Тоше Манев остварија средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски придружуван од неговите сорабоници Билјана Костова и Виолета Секулова. Во текот на разговорите директорот Близнаковски мy додели благодарница на Централниот Совет на Македонците за грижата и поддршката на македонските иселеници во Германија и на Клубот “Илинден” за чување и негување на македонските културни, традиционални и верски вредности во иселеништвото.

Директорот Слободан Близнаковски и претседателот на Македонскиот клуб “Илинден”, Живко Лазаров
Директорот Слободан Близнаковски и претседателот на Централниот Совет на Македонците Германија, Роберт Кленкоски

По конструктивните разговори, Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија учествувал на прославатa со македонска музика, организирана од Живко Лазаров, претседател на Македонскиот клуб во Лацен-Хановер.

Претседателот Кленкоски и заменик претседателот Николоски на прославата со раководство на МПЦО “Св. Климент Охридски” од Берлин
Претседателот Кленкоски и заменик претседателот Николоски на прославата со претседателот на Македонскиот клуб “Илинден”, Живко Лазаров