Прилепската компанија „Витаминка“ својот асортиман го претстави на саемот ИСМ Келн, Германија, што е еден од најголемите и најважни настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата.
Штандот на Витаминка се наоѓаше во хала 10.2, Фото: Витаминка
“ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, иновациите и перспективите во оваа индустрија. Освен иницијалните контакти, воспоставување релации и партнери за нови пазари, ова е главниот фокус на нашето присуство тука и очекувани придобивки. Дополнително како компанија од Македонија со претставувањето на производите на „Витаминка“ го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава, што е дополнителна предност. И оваа година нашето претставување помина успешно и ја исполнивме целта”, изјави Љупчо Велески, директор на извоз во „Витаминка“.
Саемот ИСМ ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании, но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни беа повеќе од 1.200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет- информираат од фирмата.
Преземено од “Нова Македонија” – 24.04.2023
Тука до оригиналниот линк