Централниот Совет на Македонците во Германија ја поддржува кандидатурата на Тони Менкиноски за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСПЧ). Изборот на новиот судија од Македонија ќе се одржи во јануари 2026 година преку Парламентарното собрание на Советот на Европа, по завршување на деветгодишниот мандат на актуелниот судија.
Господинот Менкиноски има долгорочно искуство во областа на меѓународното и уставното право и примената на Европската конвенција за човекови права. Неговата соработка со институции како Советот на Европа, ОБСЕ и други организации за човекови права ја потврдува неговата стручност и меѓународна репутација.
Изјава од претседателот:
“Тони Менкиноски носи богато правно искуство, меѓународна експертиза и континуирана посветеност кон човековите права. Сметаме дека неговиот избор ќе ја претставува Македонија достоинствено и ќе ги зајакне европските вредности на владеење на правото и човекови права.” – Роберт Кленкоски, претседател на Централниот Совет на Македонците во Германија
Централниот Совет нагласува дека изборот треба да се базира единствено на професионални квалификации и интегритет, без влијание на политички фактори.
Централниот Совет на Македонците во Германија
Берлин, 17 ноември 2025
