Симон Трпчески со натамошни концерти во Долна Саксонија на 19 и 20 јануари 2023 г.

На неговата македонска почва тој е прославена ѕвезда, во останатиот дел од Европа името Симон Трпчески е порелеваннто меѓу негувателите на класична музика.

Пијанистот роден во Скопје во 1979 година, e сега дел од светската сцена со настапи ширум светот со најпознатите оркестри како Концертгебау оркестарот, Оркестарот Национал де Франс и Њујоршката филхармонија. Иако Трпчески не потекнува од музичка фамилија, во семејството секогаш се музицирало. Првото музичко искуство тој го стекнува на хармоника, пред да се префрли на пијано. На само единаесетгодишна возраст станува ученик на музичката двојка Борис и Људмила Романов на Музичкиот факултет на Универзитетот во Скопје. Неговиот меѓународен пробив доаѓа десет години подоцна, кога ја освои втората награда на Меѓународниот натпревар по пијано во Лондон, по што следеше деби во Вигмор Хол. Трпчески ја има добиено и наградата за млад уметник од Кралската филхармонија, беше уметник на новата генерација на БиБиСи и беше резидентен уметник во лондонската Вигмор Хол. Народната музика сочинува голем дел од музичкото творештво на Трпчески. Заедно со композиторот Панде Шахов го разви музичкиот крос-жанровски проект „Македонисимо“, со цел да ја направи македонската народна музика и култура позната надвор од границите на земјата. Петчлениот ансамбл се познава уште од времето на музичката академија во Скопје. Покрај останатото, Трпчески се залага за промоција и поттикнување на младите македонски уметници.

Настани:

Четврток, 19 јануари 2023 година, 20:00 часот во Државниот радиодифузен центар на НДР во Хановер

Петок, 20 јануари 2023 година, 20 часот во Театарот ан дер Блинке, Лир (Источна Фризија)

Уметници:

Симон Трпчески (пијано)

НДР Радио Филхармонија

Иван Репушиќ (Раководител)

Програма:

Рахмањинов: Концерт за пијано бр.3 во Д-мол, оп. 30

Чајковски: Симфонија бр. 6 во б-мол, оп. 74 „Pathétique“