Одбележување на “Ден на Св. Методиј” 2023 г. во Елванген

Градот Елванген во германскатa сојузна покраина Баден-Виртемберг по 53-ти пат го слави Денот на Свети Методиј

Градоначалникот на Елванген, г-ин Михаел Дамбахер, го одбележа Денот на Свети Методиј, кој заедно со неговиот брат Свети Кирил се сметаaт за сесловенски апостоли. Според преданието, Методиј бил затворен во Елванген во годините по 870-тa година.

Градоначалникот на Елванген, г-ин Михаел Дамбахер со градскиот свештеник проф. д-р Свен ван Меген, г-ин Абдилџемил Саити, генерален конзул на Република Македонија во Минхен и г-ин Јозеф Корчек,
генерален конзул на Република Словачка, Минхен

Градоначалникот на Елванген во присуство нa поканетите генерални конзули од Република Македонија и Република Словачка и други државни претставници одржа пригоден говор пред насобраните гости и почитувачи на делото на Св. Кирил и Методиј.

Градскиот свештеник проф. д-р Свен ван Меген и сите генерални конзули повикаа „да се изградат мостови во Европа и да се помине низ отворените врати. Само заедно ние Европејците можеме да имаме добра иднина“.

Впечатлив говор на г-ин Абдилџемил Саити, генерален конзул на Република Македонија во Минхен

За овој ден дојдоа бројни Македонци од околните градови како Ален, Улм, Синделфинген, Боблинген и Штутгарт. Претставници на здруженијата и црковните заедници на македонската дијаспора во Германија положија венци и свежо цвеќе на спомен обележје во чест на Св. Методиј во Елванген.

Пред спомен-обележјето на Свети Методиј: претседателот Трајче Костадиновски (лево) на МПЦО „Свети Кирил и Методиј“, Штутгарт и членови на МПЦО “Пресвета Богородица“ од Синделфинген-Боблинген со г-ин Абдилџемил Саити, генерален конзул на Република Македонија во Минхен

Во рамките на програмата за чествување на Денот на Св. Методиј, богослужбата на Македонската православна црковна општина „Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт во базиликата Свети Витyс ја отслужи свештеникот Миле Вељановски.

Богослужба на МПЦО „Свети Кирил и Методиј“ од Штутгарт во базиликата Свети Витyс

Споменикот за Свети Методиј беше преуредувано од градот Елванген во 2022 година. Додека камениот рељеф на скулпторот Ханс Шебле (1904-1994), родум од Елванген останува на првобитното место, бронзените плочи во преминот беа поставени недалеку од нивното старо место.

Литературно читање пред споменикот на Св. Методиј во Елванген, Германија, мај 1994 г.

Совет за читање: Пред споменикот на Св. Методиј во Елванген

Со првите македонски иселеници во Германија во 1970-тите години, градот редовно го посетуваат на Денот на комеморацијата бројни Македонци и од внатрешноста и од соседните земји. На 1 јуни 1996 година, по барање на македонските здруженија во Германија, тогашната македонска влада постави триделна спомен-плоча со следниот натпис на македонски и германски јазик:

IN VEREHRUNG UND EWIGER

DANKBARKEIT FÜR UNSEREN

AUFKLÄRER UND CHRISTLICHEN

MISSIONAR, DEN APOSTELGLEICHEN

HEILIGEN METHOD

VON DER REPUBLIK MAKEDONIEN

DEM MAKEDONISCHEN VOLK

UND DER MAKEDONISCH ORTHODOXEN KIRCHE
СО ПОЧИТ И ВЕЧНА

БЛАГОДАРНОСТ КОН НАШИОТ

ПРОСВЕТИТЕЛ И ХРИСТИЈАНСКИ

МИСИОНЕР, РАМНОАПОСТОЛ

СВ. МЕТОДИЈ

ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

И МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
Македонска спомен-плоча во чест на Свети Методиј во Елванген

Централниот совет на Македонците во Германија му се заблагодарува на градоначалникот Дамбахер за успешната меморијална манифестација. Веќе со нетрпение очекуваме да учествуваме на „Денот на Свети Методиј“ во Елванген следната година и на сите учесници и граѓани на Елванген им посакуваме сé најдобро.

Прочитајте тука повеќе за 24-ти мај – Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“: