На државјанин на Република Македонија кој во странство престојува непрекинато повеќе од шест месеци, пасош и виза на тој пасош може да му издаде дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во странство.
- Барање за издавање на пасош, уредно и читко пополнето
- Лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот на барањето, а за лица кои немаат живеалиште на територијата на Република Македонија се приложува лична карта издадена од надлежен орган на странска држава или друга јавна исправа од која може да се утврди нивниот идентитет
- Стариот пасош на увид и поништување
- Доказ за регулиран законски престој во земјата на акредитација на ДКП на Република Македонија
- Барањето за патна исправа се поднесува лично како и подигањето на пасошот е лично!
Лицата претходно се најавуваат телефонски или по e-mail во Амбасада заради навремено изготвување на список на заинтересирани лица.
Ако пасошот е пополнет или оштетен
- Стариот пасош на увид и поништување
- Изјава за причините за предвремена замена
Ако патната исправа е изгубена или изчезната
- Писмена изјава за изгубен документ
- Документ од Полиција од странската држава за извршена пријава на изгубен- украден документ
- Наплата на дополнителна такса за објава во Службен весник на Република Македонија за изгубен, исчезнат или украден документ.