Градот Елванген во Германија по 51-ви пат го слави Денот на Свети Методиј
Оваа година градот Елванген беше виртуелен домаќин на Денот на Свети Методиј. Прославата на Денот на Свети Методиј беше откажана поради корона пандемијата и градоначалникот на Елванген, г-дин Михаел Дамбахер, за прв пат организираше виртуелен настан.
Градоначалникот Дамбахер разговараше со учесниците на настанот и му оддаде почит на апостолот и заштитник на Европа со положување венец на Методијплац.
На виртуелната церемонија учествуваа амбасадорите на Република Словачка, Република Бугарија и македонскиот амбасадор во Берлин.
Конзулот на Чешка, Руската Федерација и Украина, како и бројни музички и уметнички изведби го придружуваа виртуелниот меморијален настан со прилози.
Централниот совет на Македонците во Германија му се заблагодарува на градоначалникот Дамбахер за успешната виртуелна меморијална манифестација. Веќе со нетрпение очекуваме да учествуваме на „Денот на Свети Методиј“ во Елванген следната година и на сите учесници и граѓани на Елванген им посакуваме се најдобро.