Раководството на Централниот Совет на Македонците на 9 јануари 2022 година преку
платфомата Zoom оствари средба со македонскиoт научник Шинаси Деребеј. еден од првите
македонски информатичари, основач и творецoт на Дигиталниот речник на македонски јазик.
Управниот одбор предложи да се преземат заеднички размислувања и да се најдe начин за
развивање и промовирање на Дигиталниот речник како значаен проект којшто ќе претставува
моќно ,,оружје“ за докажување на самобитноста на македонскиот јазик, но и корисна алатка за
сите Македонци, каде и да се, во нивните настојувања, тие и нивните поколенија да го зачуваат
јазикот. Г-динoт Деребеј cамо напомена дека Google, на големо го користи овој речник како
основа во Гугл Транслејт (Google Translate), кога се работи за превод на и од било кој јазик на
македонски.
Исто беа разменети информации за веќе непостоечкото здружение „Германско-македонско
друштво“ (Deutsch-Makedonische Gesellschaft e.V.) co г-динoт Деребеј како нивен поранешен
благајник.
Адреса на Дигиталниот речник на македонски јазик:
Македонски јазичен портал — портал кој ги обединува дигиталните ресурси за македонскиот јазик: