Централниот совет на Македонците во Германија го поздрави новиот амбасадор и повика на брзо решавање на пасошките предизвици

Берлин, 22. февруари 2024 – На еден срдечен состанок со новоакредитираниот амбасадор Илбер Села, председателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски, денес ја искористи можноста да му честита за неговата акредитација и да му посака успешен мандат. Амбасадорот Села влегува во својата функција со одлучност да ги справи предизвиците што го очекуваат.

Посебно внимание беше посветено на актуелните предизвици поврзани со пасошите на македонските граѓани. Одлуката на македонската влада да ги поништи важечките пасоши со натпис „Република Македонија“, иако многу граѓани тогаш не ги имаа сменето, доведе до значителни проблеми и неизвесност. Претседателот Кленкоски ja истакна итноста од изнаоѓање решение за враќање на правата на слобода и мобилност на македонските граѓани ширум светот.

Амбасадорот беше замолен да ги изложи проблемите на македонската заедница пред владата и да се ангажира за брзо решение на предизвиците, слично како што се случи со возачките дозволи.

Како знак на почит му беше доделен на амбасадорот еден примерок од книгата „Создавањето на Независна Република Македонија“ поточно германската верзија „Gründung der unabhängigen Republik Makedonien“ од д-р Дејан Маролов и Оливер Митев. Оваа книга беше финансирана од Централниот совет на Македонците во Германија да се преведи на германски јазик, со цел преимно да се подари на библиотеки, факултети и германски личности. Целта е македонската страна на историјата исто така да најде место на полиците и да се преподучува со факти.

Се потврди ангажманот на Централниот совет на Македонците во Германија како глас на македонската заедница, и се обештава дека ќе се однесува настојателно за интересите на заедницата пред двете влади и истовремено за засилување на односите помеѓу двете земји.