Пред 40 години, проф. Д-р Волф Ошлис беше еден од двајцата автори на првиот македонски учебник што се појави надвор од Југославија – првиот учебник по македонски јазик бeшe објавен во 1984 г., преобјавен во 1986 г. и во 2007 г. Ошлис работеше напорно самостојно, ревидирајќи и ажурирајќи го делото од темел и обезбедувајќи сеопфатен вовед на историјата и јазикот на Македонците.
Д-р Волф Ошлис, автор на статии, есеи и анализи им е познат на читателите од цела Источна Европа и објави учебник по македонски јазик во академската серија „Славјански придонеси“ во Минхен. Фактот дека овој автор има големи симпатии кон земјата, нејзините луѓе и јазикот и не само што не се крие – туку тој сака да ги охрабри читателите и потенцијалните ученици на овој јазик (кој е исто така најстар и најмлад меѓу Словенскитe јазици) и да им пружи задоволство, што е од голема корист за книгата.
Секако, Ошлис знае дека има и други автори, особено во германското говорно подрачје, кои го сметаат македонскиот за „вештачки идиом“, создаден од Тито за да ги раздели Македонците од нивната „татковина“ Бугарија, и тој двапати им противречи на ваквите ставови: Во воведот што го следи патот на македонскиот јазик од „мајчиниот дијалект“ на Кирил и Метод до денес, и во многубројните текстови за вежба и читање во учебникот што се избрани „за вечност“ – стари македонски песни и поговорки, библиски текстови, граматички вежби на Десетте заповеди (кои се всушност класичен пример на императивни глаголски форми).
За авторот Д-р Волф Ошлис е славист, политиколог, новинар и експерт за источна Европа.
Студирал славистика на универзитетот во Хамбург. Од 1973 се вработил во Центарот за аналитика во германската сојузна влада. Исто така работел и во „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн. Од 1977 до 2006 работел и предавал како професор на Универзитетот во Гиcен. Денес е публицист за Источна Европа и пишува редовно за мрежниот весник „Евроазиски Магазин“ (Eurasisches Magazin) и „Пруски алгемајне цајтунг“ (Preussische Allgemeine Zeitung).
Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои „Македонија 2001–2004: Воен дневник од една мирна земја“ (2004), на студијата „Македонија“ во серијата „Студии за земји“ (2004), како и книга за Мајка Терeза (2009) и “Македонија” (2020).
Ошлис, меѓу другото, досега превел и повеќе дела од македонската книжевност на германски јазик, меѓу кои и „За македонцките работи“ (2012) на Крсте П. Мисирков.
Тој е редовен учесник на Летната школа и на научниот собир на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, на научни собири, организирани во Република Македонија, но учествувал и на славистички собири во светот, каде што настапувал и со реферати на македонистички теми.
Тој е и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добитник на наградите „Духовен воин“ и Златно перо за превод на книгата „За македонцките работи“. 2012 Ошлис доби признание „Пријател на Република Македонија“ за неговата поддршка за промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Ошлис ја добива наградата за остварување во областа на публицистиката на 21 декември 2013 година во Собранието на Република Македонија.