Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија оствари средба со Македонскиот амбасадор, Рамадан Назифи во Берлин

На 4 декември 2021 година во просториите на македонската амбасада претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски се сретнаа со македонскиот амбасадор г-дин Рамадан Назифи.

„Имавме пријатна средба со амбасадорот. Откако г-дин Назифи се претстави себеси и неговите најблиски соработници, го запознавмe и со активностите на Централниот совет, кој е активен во македонската заедница во Германија од 2019 година“, вели Кленкоски.

„Разговаравме многу отворено за соработка и можни активности кои можат да помогнат во многу области за надминување на проблемите на Македонците во Германија“, додаде претседателот. Aмбасадорот Назифи, од своја страна, понуди поддршка во рамките на своите надлежност и можности.

„Му се заблагодаривме за пријателската и продуктивна средба и се надеваме дека таа ќе се одржува почесто“, потенцира Кленкоски.