Средба со Павле Маџиров – редовен член на Советот за интеграција во Дизелдорф

Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски преку платфомата Zoom оствариja средба со Павле Маџиров, редовен член на Советот за интеграција во Дизелдорф и член на Советот на главниот град на покраината Северна Рајна-Вестфалија

Г-д Маџиров ја поздрави иницијативата на Централниот совет на Македонците за воспоставување контакт и за размислување на можностите за соработка во областа на култура.

Г-д Маџиров го раководеше Cоветот за интеграција 5 години како претседател. Како основач на Меѓународната граѓанска унија (IBU), оваа листа можеше редовно да испраќа членови до Cоветот за интеграција. Во советот се застапени интересите на имигрантите. Во ова тело, претставниците на имигрантите и членовите на советот разговараат за политиката за општинска интеграција на еднаква основа.

Г-д Маџиров беше реизбран како редовен член на изборите за новиот создав на Советот за интеграција на 13 септември 2020 година, кои се одржаа паралелно со локалните избори во главниот град на покраината Северна Рајна-Вестфалија. Вкупно десет претставници беа директно избрани за законодавниот период од 2020 до 2025 година. Вкупниот број на места во советот за интеграција беше одреден на 19 од страна на градскиот совет. Главно се состои од десет лица кои треба да бидат директно избрани и девет лица што ќе ги именува градскиот cоветот од неговите членови.

На конститутивната седница на комисијата на 02.12.2020 г., најмногу гласови доби г-динoт Гоце Пероски од меѓународна отворена листа на зелените во Дизелдорф (GioL). Ова е втор пат, по Павле Маџиров, Советот за интеграциja во Дизелдорф да го води претседател со македонски корени.

По завршувањето на државниот испит од областа на учителска служба и магистерските студии по европски студии и интеркултурна комуникација, Маџиров работил како надворешен консултант во амбасада и министерство за внатрешни работи во странство. Потоа следеше промена во стопанство како проект-менаџер за една голема германска компанија и конечно промена во училишниот сектор. Г-дин Маџиров е денес директор на едно средно училиште во Дуизбург и претседател на училишниот одбор на градот Дизелдорф. Во градскиот совет, Маџиров ги опфаќа темите за училиште, интеграција, дигитализација и култура за пратеничката група на ЦДУ Дизелдорф (CDU Düsseldorf).