Средба со Иљо Скангалов – редовен член на Советот за интеграција во Дизелдорф

Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски преку платфомата Zoom остварија средба со Иљо Скангалов, редовен член на Советот за интеграција во Дизелдорф

Г-д Скангалов беше реизбран како редовен член на изборите за новиот создав на Советот за интеграција на 13 септември 2020 година, кои се одржаа паралелно со локалните избори во главниот град на покраината Северна Рајна-Вестфалија.  Покрај Павле Маџиров и Гоце Пероски, Скангалов е уште еден член на Советот за интеграција во Дизелдорф со македонски корени.

Членовите на Cоветот за интеграциja работат на доброволна основа, ни вели Скангалов. Oвoj Совет е единственото тело во Градскиот совет на Дизелдорф кое поддржува организација на настани и врши сопствена работа со јавноста. На овој начин, Советoт можеше да го постави курсот за поголемо политичко учество во областа на интеграцијата потдржано од сите партии и се залага за поголемо учество на луѓето со меѓународна историја и странска националност кои живеат во Дизелдорф. На Советот за интеграција се гледа како на гласноговорник за луѓето со меѓународна историја кои живеат во Дизелдорф, нагласува Скангалов.

Иљо Скангалов e роден 1966 во с. Костурино, Струмичко. Студирал геологија на СОУ “Наум Наумовски-Борче” во Пробиштип. Покрај неговата долгогодишна работа како претседател на македонското спортско-културно друштво „Гоце Делчев“ и соосновач на Македонската православна црковна општина „Света Петка“ во Дизелдорф, г. Скангалов одржал часови по танц за македонски народни ора.