Почина уметникот Јован Балов

Во име на Централниот совет на Македонците во Германија, сакаме да изразиме длабоко сочувство до роднините и пријателите, почивај во мир Јован Балов (1961-2022)

Последното претставување е закажано за 21 октомври во групна изложба во галерија во Берлин.

Јован Балов, ликовен уметник и куратор, живееше и твореше во Скопје и Амстердам а во Берлин од 1995 година. Роден на 6 ноември 1961 година во Скопје, студирал историја на уметност и археологија од 1981 до 1984 година на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и дипломирал 1987 година по сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1995 година работеше како хонорарен уметник, а како уредник на проект-галеријатa „Прима центар“ во Берлин, oснованa од Јован Балов во 2004 година. Помеѓу 2005 и 2007 година ја организираше културната програма на гермаснкото здружение “Колони Вединг” во Берлин. Тој се докажуваше преку разновидна уметност, како што се фотографии, слики, видеа и илустрации.

Со културните програми што ги организираше, тој ја запозна берлинската јавност со меѓународни уметници од балканските земји. Пандан на ова беше да се претстават уметници од различни националности кои живеат во Германија пред македонската публика. Како иницијатор и промотор Балов реализирал многубројни проекти и изложби во Германија, Русија, Словенија, Франција, Грција, Австрија, Полска, Финска, Израел, Англија, Србија, Италија и во многу други земји. За изложби како што е „Меѓународното биенале на минијатури – Горни Милановац“ во Србија, како член на жири и претставник на берлинската уметничка сцена ги избра уметниците кои го претставуваа градот Берлин на наведеното Биенале.

Во 2007 година, во Атина, Балов беше награден со реномираната културна награда „Ригас Чарта“ за неговата долгогодишна работа во промовирањето на балканската култура преку границите. Во 2013 година за неговото сликарство му беше доделена првата награда „Европска престолнина на културата“ од Галеријата Ду Колумбие во Париз. Во 2015 година ја добива наградата „Европска личност на годината 2014 на Република Македонија“.

Основан од Јован Балов во 2004 година, “Прима центар” во Берлин, како непрофитен проект-простор, ја следи целта да изгради културен мост помеѓу берлинската уметничка сцена и онаа на Балканот. Ова засолниште за уметност и култура од земјите од Југоисточна Европа вклучуваше не само изложби, туку и читања, перформанси, видео презентации и предавања. Од неговото создавање досега се реализирани повеќе од 180 изложби и претставени се дела од над 250 меѓународно активни уметници. Целта на “Прима центар” е и да ги промовира колегите-уметници од Берлин, поради што е вклучен во локалните културни настани на “Солдинер Киц” во берлинската градска област Вединг и е активен член на здружението “Колони Вединг” од неговото основање.

Уметникот Јован Балов, кoj се смета за амбасадор на македонската култура и уметност во Берлин, почина вчера, неколку недели пред неговиот 61. роденден, а веста за смртта ја објави на социјалните мрежи неговото семејство.