Важно за македонските граѓани во Германија: Пасоши и патниот лист

Важни информации за моменталните мерки на македонските власти:

Македонските граѓани во Германија во моментов можат бесплатно да добијат потврда за враќање во Македонија, позната и како „Патен лист“, од македонската амбасада, ако не поседуваат валиден пасош. Важно е да се забележи дека оваа потврда и патувањето во Македонија не го скратуваат времето потребно за обработка на барањето за издавање нов пасош во Македонија. Издавањето на нов пасош моментално може да потрае најмалку два месеци или подолго, без разлика каде ќе се аплицира, дали во амбасадата во Германија или локално во Македонија.

Пред да тргнете на патување во Македонија, имајте во предвид дека планираното враќање може неочекувано да биде продолжено, бидејќи без валиден пасош можеби нема да можете да се вратите за времето што сте го испланирале предходно. Ова може да доведе до загуба на работното место во Германија.

Македонските граѓани кои живеат и работат во Германија треба пред патувањето да аплицираат за новиот пасош во македонската амбасада. „Патниот лист“ е главно наменет за македонските туристи кои во моментот се во Германија и сакаат да се вратат во Македонија без валиден пасош.

Со ‘Патниот лист’ можете да патувате од Германија до Македонија без валиден пасош. Но, за да се вратите од Македонија во Германија, потребен ви е валиден нов пасош !!!

Контакт информации за македонските надворешни претставништва во Германија:
Поради актуелниот број на повици и со цел да ви обезбедат најдобра можна услуга, препорачуваме да ги испратите вашите прашања и молби преку е-пошта. Ве молиме наведете ги вашите контактни податоци и кратко опишете го вашето барање, за да можат вработените во амбасадата да стапат во контакт со вас што е можно побрзо. Преку комуникација преку е-пошта, тие можат поефикасно да се организираат и да ви обезбедат поефективна услуга. Ви благодариме за разбирањето и соработката.

Амбасада на Република Македонија во Берлин
Адреса:
Koenigsallee 2-4
14193 Berlin
Е-пошта: berlin@mfa.gov.mk

Амбасада на Република Македонија Одделение во Бон
Адреса:
Am Michaelshof 4A
53177 Bonn
Е-пошта: bonn@mfa.gov.mk

Генерален конзулат на Република Македонија во Минхен
Адреса:
Brienner Straße 56
80333 München
Е-пошта: munich@mfa.gov.mk

Дали сте задоволни од конзуларните услуги на амбасадата и конзулатот? Вашите поплаки ќе бидат разгледани со релевантните органи за да може услугата да се подобри. Се разбира, ќе ги пренесеме и вашите пофалби и вашите позитивни искуства, бидејќи вработените се особено среќни што добиваат позитивни повратни информации, што ги мотивира дополнително да ја подобрат својата посветеност и услуга. Со нетрпение ги очекуваме вашите информации кои можете да ги испратите на нашата е-пошта: info@zentralratdermakedonen.de и однапред ви благодариме.