Извадок од „Македонија“ – илустрирано списание на матицата на иселениците од Македонија
Број 518 – Јуни 1996 г.
Трпеза на љубовта – Активности на Македонците во Берлин
Во Берлин, градот на германското обединување, се повеќе се чуствува желбата за обединување на нашите иселеници. Во овој повеќемилионски град, денес има окулу 2.000 Македонци кои тука живеат и повеќе од две и пол децении, но сепак гржливо ја чуваат својата националност, традиија и јазикот. Во сето тоа голема улога одиграа македонскиот клуб “Гоце Делчев” и МПЦО “Свети Климент Охридски”, како и дополнителната настава по македонски јазик и национална култура.
Една од многубројните активности на тој план беше и неодама организираната средба на Македонците од Берлин, насловена како Трпеза на љубовта. Оваа манифестација беше одржана по иницијатива на управните одпри на МПЦО и македонскиот клуб.
Најпрвин се започна со богослужба со која чиноначалствуваа митрополитот г. Горазд во придружба на протоерејот Ацо Гиревски и свештеникот Глигор Киселички. Специјално за оваа пригода младите Македончиња беа облечени во македонски народни носии. Потоа во просториите на клубот “Гоце Делчев” имаше заедничка трпеза за сите Македонци од овој град. При тоа се поведе и разговор за формирање на еден заеднички Македонски духовен културен центар, поточно за изнаоѓање нови простории во кои ќе бидат заедно сместени клубот, црквата и библиотеката. На овој начин Македонците во Берлин ќе можат на исто место да ги изведуваат црковните обреди и сите останати прослави и културни манифестации.
Што се однесува до личната карта на македонскиот клуб “Гоце Делчев” , тој активно работи повеќе години и има мошне добра соработа со останатите клубови во Германија. Претседател е г. Душан Божиновски кој заедно со останатите членови на Управниот одбор несебично се залагаат во подготовките и реализацијата на многубројните активности. Меѓу нив е г-ѓата Љубица која години на ред работи и помага во клубот и грижливо и чува македонските носии кои се сопственост на Фолклорната секција.
Кога говориме за клупските активности, не може а да не ја спомнеме и дополнителната настава по македонски јазик, чија посетеност од години во година сé повеќе се зголемува. Како доскорешен изведувач на таа настава, би сакала да истакнам неколку успешни ученици и добри активисти: Дијана, Горан, Игор и Соња Дамчевски, сестрите Георгиевски, Миле Мургоски, Катерина и Маргарита, Александар, Марко, Томе, Христијан, Дијана Митровска и многу други кои изучувајќи го македонскиот јазик, ја негуваат и продолжуваат македонската историја, култура и битие.
Тоа е уште еден доказ Македонецот каде и да оди сепак си останува Македонец – Ружа Ѓорѓеска (известувач)
Прочитајте ја целата статија овде: