За учебникoт по македонски јазик нa Д-р Волф Ошлис

Пред 40 години, проф. Д-р Волф Ошлис беше еден од двајцата автори на првиот македонски учебник што се појави надвор од Југославија – првиот учебник по македонски јазик бeшe објавен во 1984 г., преобјавен во 1986 г. и во 2007 г. Ошлис работеше напорно самостојно, ревидирајќи и ажурирајќи го делото од темел и обезбедувајќи сеопфатен вовед на историјата и јазикот на Македонците.

Dieses Bild hat ein leeres Alt-Attribut. Der Dateiname ist lehrbuch2.jpg
„Учебник по македонски јазик“ на Д-р Волф Ошлис, 2007

Д-р Волф Ошлис, автор на статии, есеи и анализи им е познат на читателите од цела Источна Европа и објави учебник по македонски јазик во академската серија „Славјански придонеси“ во Минхен. Фактот дека овој автор има големи симпатии кон земјата, нејзините луѓе и јазикот и не само што не се крие – туку тој сака да ги охрабри читателите и потенцијалните ученици на овој јазик (кој е исто така најстар и најмлад меѓу Словенскитe јазици) и да им пружи задоволство, што е од голема корист за книгата.

првотo издание од 1984 г. украсена со грбот на Македонија од стемматографијата (1741 г.) на Христофор Жефарович

Секако, Ошлис знае дека има и други автори, особено во германското говорно подрачје, кои го сметаат македонскиот за „вештачки идиом“, создаден од Тито за да ги раздели Македонците од нивната „татковина“ Бугарија, и тој двапати им противречи на ваквите ставови: Во воведот што го следи патот на македонскиот јазик од „мајчиниот дијалект“ на Кирил и Метод до денес, и во многубројните текстови за вежба и читање во учебникот што се избрани „за вечност“ – стари македонски песни и поговорки, библиски текстови, граматички вежби на Десетте заповеди (кои се всушност класичен пример на императивни глаголски форми).

воведни зборови, првиот учебник по македонски јазик (1984)
граматички вежби, учебник по македонски јазик (1984)

За авторот Д-р Волф Ошлис е славист, политиколог, новинар и експерт за источна Европа.

Студирал славистика на универзитетот во Хамбург. Од 1973 се вработил во Центарот за аналитика во германската сојузна влада. Исто така работел и во „Институтот за источнонаучни и меѓународни студии“ во Келн. Од 1977 до 2006 работел и предавал како професор на Универзитетот во Гиcен. Денес е публицист за Источна Европа и пишува редовно за мрежниот весник „Евроазиски Магазин“ (Eurasisches Magazin) и „Пруски алгемајне цајтунг“ (Preussische Allgemeine Zeitung).

Автор е на неколку книги објавени во Германија, меѓу кои „Македонија 2001–2004: Воен дневник од една мирна земја“ (2004), на студијата „Македонија“ во серијата „Студии за земји“ (2004), како и книга за Мајка Терeза (2009) и “Македонија” (2020).

Prof. Dr. Wolf Oschlies bei der Verleihung der Ehrenpromotion an der Universität in Skopje mit der Deutschen Botschafterin Dr. Irene Hinrichsen
Проф. Волф Ошлис на доделувањето на почесниот докторат на Универзитетот во Скопје со германскaтa амбасадоркa Д-р Ирeнe Хинрихсен

Ошлис, меѓу другото, досега превел и повеќе дела од македонската книжевност на германски јазик, меѓу кои и „За македонцките работи“ (2012) на Крсте П. Мисирков.

Тој е редовен учесник на Летната школа и на научниот собир на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, на научни собири, организирани во Република Македонија, но учествувал и на славистички собири во светот, каде што настапувал и со реферати на македонистички теми.

Тој е и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, добитник на наградите „Духовен воин“ и Златно перо за превод на книгата „За македонцките работи“. 2012 Ошлис доби признание „Пријател на Република Македонија“ за неговата поддршка за промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Ошлис ја добива наградата за остварување во областа на публицистиката на 21 декември 2013 година во Собранието на Република Македонија.