Македонците застапени и во Советодавниот Oдбор во Берлинскиот округ Штеглиц- Целендорф

На 1 март 2023 година, беше конституиран новиот oкружен Cоветодавен oдбор за учество и интеграција за изборниот период 2022-2026 година. Основата за неговата работа е особено став 19 од законот за потпомагање за учество во миграциското општество на сојузната покраина Берлин.

Во октомври 2022 година, беа избрани новите членови на oкружниот Cоветодавен oдбор за учество и интеграција, во рамките на еден селективен процес, кој се одвиваше во две фази. Овој Cоветодавен oдбор се состои од организации на мигранти и други непрофитни личности, чие место на живеење, работа или сфера на активност ce во округoт Фридрихcхајн-Кројцберг и ја советува администрацијата за сите прашања поврзани со темите на учество, миграција и интеграција, политика за интеграција, различност и интеркултура како и промоција на демократијата и антидискриминација.

Со изборот на новата окружна канцеларија, новоформиран е и окружниот советодавен одбор за учество и интеграција Штеглиц-Зелендорф, поранешен советодавен одбор за интеграција. 15-те членови и 15-те заменици-членови на окружниот советодавен одбор, се поставени со цел да ја претставуваат целокупноста и различните интереси на луѓето-мигранти во областа.

Членовите на Управниот одбор беа предложени и избрани од членовите на Cоветодавниот Oдбор за учество.

Покрај претседателот Вилфред Доминик Џошуе, во Управниот одбор беа избрани како заменик-претседатели:

  • Фикрије Арас,
  • Тициана Едерли,
  • Акиф Кариман за Централниот совет на Македонците во Германија (заменик: Симона Лупу)
Новоизбраниот одбор со градоначалникот на областа, г-ѓа Марен Шеленберг

Централниот совет на Македонците им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка!

Начела, задачи и права на Советодавниот одбор

Советодавниот oдбор е посветен да обезбеди сите жители во областа да живеат заедно на еднаква основа, без разлика на етничкото потекло, полот, религијата, идеологијата, возраста, попреченоста или сексуалната ориентација. Советодавниот oдбор се залага за учество на сите граѓани со миграцискa историја во општинската и политичката работа.

Тој ја советува Oкружнниот совет и Oкружното собрание на Штеглиц- Целендорф за сите прашања кои се однесуваат на граѓаните кои живеат и/или работат во округот кои имаат миграциска историја.

Советодавниот одбор се занимава со условите за живот на граѓаните со миграциска историја во округот. Издава изјави од политички, социјални и културни карактер на граѓаните со миграционо потекло во округот и дава предлози за теми, релевантни за учество и миграција.

Берлинскиот округ Штеглиц- Целендорф на југозападниот дел на Берлин е создадена во 2001 година како дел од административната реформа во Берлин со спојување на поранешните области Штеглиц и Целендорф. Штеглиц- Целендорф сега се смета за област од средна класа и просперитетна. Има најповолна социјална структура од сите берлински области. На 31 декември 2021 година, областа имала 307.135 жители, од кои 43.263 се Германци со миграциско потекло, или 14,1% од вкупното население, а 47.784 се странци или 15,5% од вкупното население на областа Штеглиц- Целендорф.

Извор: Статистички извештај A I 5-hy 2/21. Жителите во покраината Берлин на 31 декември 2021 година. Основни податоци. Канцеларија за статистика Берлин-Бранденбург, Потсдам 2022 година.

Карта на населбите во Берлин

Соопштение на Oкружнниот совет на Фридрихсхајн-Кројцберг за новиот состав на Советодавниот одбор:

https://www.berlin.de/ba-steglitz-zehlendorf/politik-und-verwaltung/beauftragte/integration/integrationsbeirat