Амбасадата во Берлин информира дека законскиот рок за замена на важечките патни документи со старото уставно име на Македонија истекува на 12-ти февруари 2024 година.
Согласно промените на Законот за патни документи, важечките патни документи остануваат важечки до истекот на нивниот период на важност, но најдоцна до 12-ти февруари 2024 година.
Во врска со тоа, би сакале да ве информираме дека барање за издавање на нов патен документ може да се поднесе во Амбасадата во Берлин, независно од периодот на важност на стариот патен документ.
Амбасадата ве моли за своевремена реакција и да закажете термин во Амбасадата преку е-пошта berlin@mfa.gov.mk, за да избегнете можни подолги чекања и забави при обработката и спроведувањето на постапката за издавање на нов пасош.
Покрај тоа, би сакале да ве информираме дека македонските граѓани можат да го остварат своето право и барање директно во Македонија кај Министерството за внатрешни работи, и тоа преку брза процедура (во рок од 5 дена) или преку редовна процедура (најмалку 2 недели), додека се наоѓаат во Македонија.
Ви препорачуваме да претходно закажете термин преку следниот линк: https://termin.mvr.gov.mk/Reservation или преку телефонските броеви +389 72 92 92 92 или 0800 192 92 (само од фиксната македонска мрежа).