На 26. фебруари 2024 година се одржа важна средба помеѓу Роберт Кленкоски, претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, и министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски, во Министерството за внатрешни работи во Македонија.
Главната цел на оваа средба беше да се разговара за издавањето на нови пасоши. Кленкоски и Тошковски разговараа интензивно за моменталните предизвици и дискутираа за чекорите кои се преземаат за нивно преодолување.
Министерот Тошковски го информираше Кленкоски за веќе преземените мерки за решавање на наследените проблеми. Тој нагласи дека сè уште е потребно време за целосно преодолување на проблемите со капацитетот.
Посебно внимание беше обратено на јавниот повик на министерот за решавање на проблемот со важноста на пасошите во Македонија. Независно од веќе постоечките предлози на опозицијата, кои беа блокирани од парламентската веќеина, постои надеж за конструктивни разговори и брзи напредоци.
Кленкоски го пофали ангажманот на министерот за заштита на слободата на движење на граѓаните и изрази надеж за брзо решение на ова важно прашање за македонските државјани во и надвор од земјата.
Централниот совет на Македонците во Германија благодари на Министерството за внатрешни работи на Македонија за можноста за овој плодотворен разговор и потврдува својата спремност за соработка во преодување на овие предизвици.