Со Симон Трпчески започнува новата сезона од популарниот концертен серијал
“SWR2 INTERNATIONALE PIANISTEN”
Симон Трпчески родум Македонец комбинира моќна виртуозност и експресивен израз на сцената со добра нотка на харизма.
Како страстен амбасадор на културното наследство на својата татковина Македонија, тој ги надминува националните граници исто толку лесно како и музичките. Особено блиски до неговото срце – покрај големите класични имиња во литературата за пијано, особено Бетовен – се важните источноевропски и руски композитори од Шопен до Прокофјев и Чајковски. Вториот го прикажува во Мајнц во пијанистички исклучително атрактивен аранжман на неговиот руски колега Михаил Плетнев.
Датум: 6-ти октомври 2023 г.
Почеток: 19:00 ч., влез: 18:00 ч.
Локација: Frankfurter Hof, Augustinerstraße 55, 55116 Mainz
Програма:
Wolfgang Amadeus Mozart
Acht Variationen A-Dur über die Arie „Come un agnello” A-Dur KV 460
Frédéric Chopin
Vier Mazurkas op. 24
Peter Tschaikowsky
Aus „Der Nussknacker”, Suite op. 71a, für Klavier bearbeitet von Michail Pletnev:
Marsch · Tanz der Zuckerfee · Tarantella · Intermezzo · Trepak · Chinesischer Tanz · Pas de deux
Ludwig van Beethoven
Zwölf Variationen über einen russischen Tanz aus Paul Wranitzkys Ballett „Das Waldmädchen” A-Dur WoO 71
32 Variationen über ein eigenes Thema c-Moll WoO 80
Sergej Prokofjew
Sonate Nr. 7 B-Dur op. 83
Со поддршка на КултурОп, водечката организација за уметност и култура во Македонија, и Министерството за култура на Република Македонија, Трпчески исто се грижи за развој на таленти на младите македонски уметници. Роден во Македонија во 1979 година, Трпчески студирал кај Борис Романов и дипломирал 2002 г. и магистрирал 2004 г. на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој беше уметник на новата генерација на БиБиСи и беше почестен со наградата за млад уметник на Кралското филхармонско друштво во 2003 година. Cвоjoт прв јавен настап во Германија го имал во април 2005 г. со симфонискиот оркестар Берлин (Deutsches Symphonie-Orchester Berlin) со Концертот за пијано на Равел во Г-дур.
Албумот „Variations” (Варијации) на Симон Трпчески, снимен во Берлин во 2022 година, неодамна беше прогласен за „Албум на месецот“ од еден од најреномираните музички списанија во Германија – ФОНО ФОРУМ.
Со својот музички проект „Македонисимо“ се посветува и на музиката и културата на родната земја. Со „Македонисимо“, што значи „мошне македонски“, пијанистот Симон Трпчески заминува од вообичаените патеки на Бетовен и Брамс за да ја прослави музиката на својата татковина. Трпчески ги води слушателите на радосна турнеја низ неверојатните ритми и прогонувачките мелодии на македонската народна музичка традиција, каде што беспрекорно се вткаени рифови и хармонии под влијание на џезот. Инспириран од страста на Трпчески за народните традиции на неговата родна Македонија, македонскиот композитор Панде Шахов (роден 1973 г.) создаде циклус од 6 плетенки. Во овие нови аранжмани, Шахов го спојува сопствениот звучен пејзаж, под влијание на импресионистичкиот однос кон резонанца и џез-хармонија, со традиционалната музика на Македонија. Овој проект ја имаше својата светска премиера во мај 2017 година на фестивалот во германскиот град Лудвигсбург и последователно ја воодушеви публиката во Велика Британија (Лондон, Ливерпул, Бирмингем), Словенија (Љубљана), Франција (Лил), Полска (Варшава, Шчечин, Гдањск, Катовице), Холандија (Амстердам), Србија (Белград) и Јужна Кореја (Јеонгсеон, Вонџу, Чунчеон).