Средба со Адријана Блажевска-Гкизтавидис

Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски остварија средба со адвокатката Адријана Блажевска-Гкизтавидис преку зум платформата (Zoom).

Г-ѓа Блажевска-Гкизтавидис е правен специјалист за кривично право, овластен консултант за кривично даночно право и доцент по правна обука. Таа е член на комисијатa за кривично право на Здружението на адвокатите во Келн и волонтира како адвокат за прашања за помилување во окружниот суд (Landgericht). Покрај германски и англиски, таа зборува и српско-хрватски и македонски јазик.

Нејзината адвокатска канцеларија BLAZEVSKA во Келн ги застапува клиентите на национално ниво за сите прашања од кривичното право, особено во трговското кривично право и кривичното даночно право, како и во законот за административни прекршоци против јавниот ред. Од централната локација во Келн се советуваат и застапуваат и компании и средни фирми, како и физички лица. Понатаму, правна поддршка во законот за имиграција нуди нејзиниот колега, адвокатот Бјорн Хуперц.

Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија и благодари на г-ѓa Блажевска-Гкизтавидис за средбата и и посакува голем понатамошен успех.