Амбасадата на Република Македонија во Берлин љубезно информира дека ќе биде затворена на 6 и 7 јануари 2022 година (четврток и петок) по повод претстојните Божиќни празници.
Во итни случаи, Амбасадата на Република Македонија во Берлин можете да ја исконтактирате на дежурниот телефон на конзуларното одделение на 0152 55691603.
Конзуларното одделение на Амбасадата во Берлин ќе биде повторно отворено за работа со странки секој работен ден од 10 јануари 2022 година од 09-13 часот, а за телефонски консултации од 14-16 часот.
Истовремено, Амбасадата им ги честита Божиќните празници на граѓаните од православна вероисповед, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба.