По раѓањето, Вашето дете стекнува државјанство на Република Македонија, доколку барем еден од Вас родителите е државјанин на земјата.

Односно, Вашето дете стекнува државјанство на Република Македонија со потекло кога ќе бидат исполнети следниве услови:

  • Ако и двајцата сте државјани на Република Македонија, вашето дете стекнува државјанство, независно од тоа каде е родено.
  • Ако еден од вас е државјанин на Република Македонија и ако вашето дете е родено во Република Македонија, тогаш Вашиот брачен другар мора да се согласи со тоа вашето дете да стекне државјанство на земјата.
  • Доколку вашето дете се роди во странство, а само еден од вас е државјанин на Република Македонија, тогаш вашето дете ќе стекне државјанство, доколку:
    • Поднесете барање за запишување на Вашето дете во книгата на државјани, пред тоа да наполни 18 години; или
    • Вашето дете се враќа да живее во Република Македонија со Вас, пред да наполни 18 години; или
    • Вашето дете со наполнети 18 до навршени 23 години возраст поднесе барање за запишување во книгата на државјани.

Забележете дека, доколку другиот родител е непознат или со непознато државјанство, Вашето дете ќе стекне државјанство на Република Македонија со потекло, независно од тоа каде е родено!