Централниот совет на Македонците во Германија го осудува парламентарното мнозинство

Берлин, 28 февруари 2024 – Централниот совет на Македонците во Германија најостро ја осудува денешната одлука на македонското Собрание да го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите со името „Република Македонија“. Ова отфрлање е поразителен удар за правата и слободите на граѓаните и покажува шокантен недостаток на одговорност од страна на политичките носители на одлуки.

И покрај јасната и итната потреба да се вратат правата на граѓаните, СДСМ со нивното отфрлање ги игнорираа интересите и правата на македонските граѓани. Оваа одлука ќе доведе до дополнителни ограничувања на мобилноста и слободата на нашите граѓани како во Македонија, така и во странство.

Недостапноста и неуспехот на политичкото раководство соодветно да се справи и да ги брани потребите и грижите на своите граѓани е неприфатливо. Централниот совет на Македонците во Германија ги повикува носителите на политички одлуки во Македонија да преземат итни мерки за заштита на слободите и правата на своите граѓани.

За да се вратат основните права на слобода и мобилност, Централниот совет заедно со адвокатските канцеларии ја испитуваат актуелно правната состојба и ќе ги исцрпат сите расположливи правни средства за одбрана на правата и интересите на македонските граѓани.