Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски преку платформата Зоом се сретнаа со Јулија Фугел, референтка за Западен Балкан при Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Темите на разговор беа германската надворешна политика кон Република Македонија и француско-германските напори за отстранување на бугарското вето за почеток на пристапните преговори со Република Македонија во Европската унија. Се разговараше за позадината на блокадата на Бугарија и „францускиот предлог“, за кој Централниот совет сметаше дека е спротивен на меѓународното право. Извршниот одбор ја изрази својата загриженост Македонците во странство да бидат сослушани за прашања како што се политичките одлуки на национално и меѓународно ниво кои ги засегаат универзалните човекови права, особено правото на самоопределување на македонскиот народ. Управниот одбор ја изрази својата загриженост до Сојузното Министерство за надворешни работи и препорача дека историските прашања и прашања поврзани со идентитетот на еден народ и неговиот јазик никогаш не треба да станат дел од преговорите со ЕУ или со која било друга меѓународнa организација. Тоа суштински ги крши европските принципи и европските демократски вредности.
Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија му благодари на г-ѓа Фугел за оваа исклучително важна и конструктивна средба.