Во рамките на ФУЕН-Конгресот 2022 г. во Берлин претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски се сретнаа со г-ѓа Евгенија Нацулиду и г-д Никола Ѓурѓај, претставници на здруженија на македонските малцинства од Република Грција и Република Албанија.
Се разговараше за актуелната состојба на Македонците во Грција и Албанија и за зачувување на културата и јазикот на македонското малцинство во тие земјии.
Претставничката Нацулиду од Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик “Крсте Мисирков” ни разкажува дека од општината Воден (Едеса) бараат училишен простор за учење на македонскиот јазик, за организирање на часови за македонскиот јазик.
Граѓанската непрофитна организација „Крсте Мисирков“ со седиште во С’ботско (Аридеа) е судски регистрирана во 2018 г. како движење за промоција на мајчиниот јазик. Целта на ова движење е да организираат часови по македонски јазик во што засега наидуваат на бројни пречки од општинските власти, па учењето на мајчиниот јазик го организираат или преку интернет или во приватни простории.
Македонската активистка за човекови права Нацулиду вели дека иако Грција во Договорот од Преспа прифати дека постои македонска националност и пред се македонски јазик, доказот дека политиката на негирање и дискриминација на Македонците во Грција продолжува: само 3 дена по нејзиното официјално регистрирање им дојде упис со отповикувањето на НПО „Крсте Мисирков“ во Регистарот на културни установи на Министерството за култура. Односно, штом увиделе, во Министерството, дека се работи за македонско здружение, кое го користи овој термин не само во неговото географско значење.
Нацулиду e убедена дека не постои термин со кој Македонците би можеле да основуваат здружение и да бидaат прифатени од грчките власти. Таа вели дека причината е јасна: “Секое здружение кое промовира различност во своите статути – јазични, културни, етнички – би претставувало малцинство кое формално би можело да бара права загарантирани со меѓународни и европски договори. За Грција ова е непремостливо табу.”
Посебено охрабува фактот дека се повеќе млади Македонци се активни, ги барат нивните корени, се дружат, немат прерасуди и произведуват култура, додава Нацулиду.
На 1 октомври, за време на конгресот на ФУЕН во Берлин, со едногласно гласање на сите претставници на организациите членки на делегатскиот собир здружението “Крсте Мисирков” – Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик – беше прифатено како придружен член на ФУЕН, пред се без право на глас. Здружението поднесеше барање за членство веќе во мај ова година.
Претседателот на Македонското друштвото ”Илинден” oд Тирана, Никола Ѓурѓај укажува дека нивната организација веќе 12 години работи на заштита на етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Македонците во Албанија.
Ѓурѓај наведува дека доколку се направи споредба помеѓу соседите на Македонија во однос на почитувањето на малцинските права на Македонците кај четирите земји-соседи на Македонија, тогаш се констатира дека всушност земјите-членки на Европската Унија се оние што не ги почитуваат, односно ги прекршуваат човековите и малцинските права на своите сограѓани од македонскиот етникум. Имено, Бугарија и Грција одбиваат да ги регистрираат македонските здруженија што сакаат да ги негуваат македонската култура и јазик. Досега, Бугарија поради прекршувањето на човековите права има седумнаесет пресуди од судот во Стразбур. Слична е положбата и во Грција, која и понатаму одбива да ги регистрира македонските здруженија, како што беше примерот со друштвото „Крсте Петков Мисирков“ од Воден. Од друга страна, состојбата во Србија и во Албанија е поинаква. Иако двете држави не се членки на Европската Унија, македонското малцинство ги ужива малцинските права.
Ѓурѓај дополнува дека македонскотo национално малцинство во Република Албанија има неколку здруженија, а секое од нив работи според нивните програми и зацртани цели. Како што е познато друштвoто се појави во 2009 година и од почеток наметна нов стил на работење и заштита на националниот идентитет и подобрување на правата за Македонците: “И во 12 години дејствување се трудиме да сме целосно ангажирани и ќе продолжиме да го правиме истото. Нашата првична намера беше да ја афирмираме македонската традиција во Голо Брдо, сепак, со оглед на интересот на Македонците од Преспа, Врбник, Елбасан, Тирана, ние го напуштивме првичниот концепт и станавме глас на Македонците во цела Албанија”.
За зголемената бугарска пропаганда во Албанија Ѓурѓај упати дека обидите за прикажување на македонското малцинство како бугарско траат веќе неколку години: “Бугарската пропаганда е зголемена во пресрет на пописот во Албанија кој ќе се одржи во октомври, и тие со секое средство се трудат да создадат некакво бугарско малцинство кое го нема. Во областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и цело Врбник не постои бугарско малцинство. Им нудат пасоши, стипендии, посети на Бугарија. Откако Бугарија влезе во ЕУ, Албанци земаат бугарски пасоши од економски причини. Ставот наш е јасен, во Република Албанија нема бугарско малцинство, бидејќи во сите пописи во Албанија нема изјаснети Бугари. Има документи кои докажуваат дека во наведените региони живееле и живеат Македонци.“, вели Ѓурѓај.
Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација. Оваа бугарска политика на терен последните години се одвива со молчење на Албанија, во повеќе наврати и со нејзина помош, се со цел Албанија да не биде попречена од страна на Бугарија, за да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ.
Со признавањето на непостоечко бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога Албанија во последен момент потклекна пред заканите на Бугарија со вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ.
На 1 октомври, во рамките на Конгресот, Федералната унија на европските националности на нивниот делегатски собир едногласно усвои Резолуција за состојбата на македонското малцинство по парламентарната одлука за територијална реформа во Албанија, предложена од македонското друштво “Илинден“од Тирана. За Резолуцијата гласале сите 150 делегати, претставници на 103 организации од 35 земји во Европа. Целта на резолуцијата усвоена е подобрувањето на правата на Македонското национално малциство во Република Албанија и зачувување на македонската култура во регионите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник населено со чисто македонско население.
Во заедничка изјава, Централниот совет на Македонците во Германија со присутните претставници на македонските малцинства од Република Грција и Република Албанија ги повикаa Европската Унија и Меѓународната заедница да го почитуваат правото на етничко и национално самоопределување на македонските малцинства како и правото на изучување на мајчиниот македонски јазик во Грција и Бугарија и ги обрахуваат Македонците со нивните здруженија во Грција и Бугарија да си ги бараат правата, повикувајќи се на основните слободи и човековите права.