Средба со пратеникот од германскиот Бундестаг Адис Ахметовиќ во Хановер

Во германскиот град Хановер, претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски остварија средба со Адис Ахметовиќ, пратеник во германскиот Бундестаг и известувач на работната група за надворешна политика за Западен Балкан.

По барање на Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија, од страна на Живко Лазаров, претседателот на македонскиот клубот “Илинден” од Лацен пратеникот Ахметовиќ беше поканет како гостин на прославатa со македонска музика на 2 октомври 2022 година на која присуствуваа над 300 Македонци од цела Македонија.

Пратеникот Ахметовиќ ja повтори својата поддршка за ЕУ перспективата на Македонија, но и за Македонците, со кои се чувствува лично поврзан.

Гости на настанот беа и претставници од Агенцијата за иселеништво, директорот Слободан Близнаковски придружуван од неговите колешки Билјана Костова и Виолета Секулова.

Адис Ахметовиќ е претседател на Социјалдемократската партија (SPD) во Хановер, член на Комисијата за надворешни работи во германскиот Бундестаг. Од страна на пратеничката група СПД е назначен за известувач на работната група за надворешна политика за Западен Балкан. Регионот ги опфаќа земјите Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Како известувач за овој балкански регион, Ахметовиќ подготвува консултации во врска со одделни проекти и мерки и изнесува предлози пред својата пратеничка група за да може Комисијата за надворешни работи да донесе заклучоци. Во ова својство тој исто така е одговорен за поднесување извештаи до Парламентот.