Средба со Ирена Паскали

Заменик претседателот Горан Николоски и референтот Симона Лупу остварија средба со современата македонска уметница Ирена Паскали, која моментално живее во Келн, преку зум платформата (Zoom).

На средбата, покрај останатото, беше продискутирано за поголема симбиоза на македонските уметници и академци во Германија, при што идејата на Паскали беше една лесно достапна платформа, како катче за претстојни настани, збиднувања и можни средби. Нејзината конректна идеја беше поставување на изложби, за време на солистички класични концерти, на пример, кога условите го овозможуваат тоа.

Ирена Паскали е родена во 1969 година во Охрид, израснала во Скопје и денес живее во Келн, Германија. Студирала на Фалултетот за природни науки и дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, пред да се запише на пост-дипломските студии на Академијата за медијални уметности во Келн, каде дипломирала во 2007 година.

Паскали е современа македонска уметница, која провоцира со нејзините впечатливи дела со социјално-политичка заднина. Нејзиниот фокус е внатрешниот конфликт на културите и религиите, прашањата на идентитетот и оттуѓувањето – теми со кои се има сретнато од прва рака во нејзината родна земја, а истите продолжиле да ја следат и надвор од земјата. Од 2001 година, има учествувано во бројни изложби, фестивали и програми за престој на уметници, во македонија и во странство, Германија, Австрија, САД, Србија, Бугарија, Англија, а на почетокот на 2007 се има претставено со самостојна изложба “Урбани пејсажи” во Cité International des Arts во Париз.

Ирена Паскали работи во повеќе медиуми: фотографија, принт, цртеж, видео и различни други композиции.

Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија и благодари на г-ѓa Паскали за средбата и ѝ посакува голем понатамошен успех.

Во прилог информации околу претстојната изложба на Паскали во Троисдорф:

Изложба WURZEL KORZENIE KÖKLER KORENI

GRUPPE I.B.R.A.D.I Asuman Hasircioglu, Irena Paskali, Wlodek Stopa und Gäste aus Heimatländern der Gruppe:

-Канан Топалоглу Херманс / Турција

-ПАТЕМByТheWay: Весна Дунимаглоска, Ѓорѓи Крстески и Станко Павлески / Македонија

-Томаш Заброцки / Полска

Отворено: Недела, 27.11.2022 um 11:00 Uhr, со предговор на д-р Винфрид Гелнер

Времетраење на изложбата: 27.11.2022 – 18.12.2022

Kunsthaus Troisdorf, Städtische Galerie, Atelier- u. Studiohaus, Konzert- u. Veranstaltungsraum

Mülheimer Straße 23, D-53840 Troisdorf, Tel.: 0 22 41 – 12 61 581 / info@kunsthaus-troisdorf.de