Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски преку платфомата Zoom остварија средба со Иванка Сучиќ, управителка на здружението “Култура на Југоисточна Европа” во Берлин.
Г-ѓа Сучиќ го претстави здружението и неговите активности. Темите на разговор беа работатат во област на интеграцијата, изнаоѓањето и финансирањето на проекти како и можноста за соработка помеѓу Централниот совет на Македонците и здружението Култура на Југоисточна Европа.
Основанo во 1991 година како здружение за унапредување на културните односи меѓу Германија и Југоисточна Европа, „Култура на Југоисточна Европа” се залага за промоција на меѓународното разбирање, мир и демократија и е експлицитно насочена против национализмот, расизмот и дискриминацијата од секаков вид. Во Берлин, здружението организира разнолична културна програма и спроведува бројни проекти кои се фокусираат на интеграција преку совети, образование и вработување.
Иванка Сучиќ е дел од раководствотo на здружението заедно со г-дин Михаел Крафт и е одговорна за семејна помош. Таа е редовен член на Советодавниот одбор за учество и интеграција во округ Фридрихсхајн-Кројцберг во Берлин и беше член на Управниот одбор на Советодавниот одбор во последниот законодавен период.
Благодариме на г-ѓа Сучиќ за пријатната и исклучително информативна средба и посакуваме нејзе и на здружението “Култура на Југоисточна Европа” понатаму многу успех!