Настапи со мецо-сопранистката Ема Николовска во Берлинската државна опера од октомври 2022 година

Претстојни термини со Ема Николовска во “Staatsoper Unter den Linden” во Берлин:

LA PICCOLA CUBANA (Малата Кубанка), музика: Ханс Вернер Хенце

Премиера на 27.10., други термини: 29.10., 31.10., 02.11., 04.11. und 06.11.2022

DER ROSENKAVALIER (Кавалер со ружа), музика: Рихард Штраус

термини: 16.04., 18.04., 21.04., 27.04. und 29.04.2023

Канадско-Македонската мецо-сопранистка Ема Николовска пораснала во Торонто, каде студирала оперско пеење и виолина кај Хелга Такер. Магистрирала по оперско пеење на Guildhall School of Music & Drama во Лондон. Во 2019 година, таа ја освои првата награда на Меѓународниот пеачки натпревар во холандскиот град Хертогенбос, наградата за песна на Кетлин Фериер (Ferrier Loveday Song Prize) и исто така беше добитник на наградата на Меѓународните аудиции за млади класични уметници (Young Classical Artists Trust). Од 2019 година Николовска едел од програмата на BBC New Generation Artist и член на Меѓународното оперско студио во Берлинската државна опера „Staatsoper Unter den Linden” од есента 2020 година. Таму ја отпеа насловната улога во операта “Хензел и Гретел” на Енгелберт Хампердинк и “Арапската ноќ” на Кристијан Јост, како и во “Волшебната флејта” на Моцарт, “Хиполит и Ариси” од Рамо, “Џенуфа” од Јаначек и “Риголето” на Верди. Покрај тоа, на програмата се бројни рецитали на песни, на пример во Салонот за пијано “Кристофори” во Берлин или на фестивалот на песната во Хиршберг.

Покрај работата во оперското студио на Државната опера во Берлин, Николовска се посветува на посебна форма на класично пеење, која, за разлика од оперското пеење, целосно се фокусира на пејачката, која често е само придружувана од пијано. Во изминатата година настапуваше во салата Пиер Боуле, Вигмор Хол, на Фестивалот Вербие, во Елбфилхармонијата Хамбург, Шубертијаде Вилабертран, на музичкииот фестивал Лидс, летен музички фестивал во Торонто, како и Берлинскиот Концертхаус и има работено со, меѓу другите, Малколм Мартино, Волфрам Ригер, Греам Џонсон, Џонатан Вер, Џозеф Мидлтон, Стивен Филкокс и Бери Шифман заедно. Други врвни моменти од нејзината концертна кариера вклучуваат “Пучинела” на Стравински со Мусиколегиум Винтертур под диригентство на Барбара Ханиган, снимка во живо на концерт за Vancouver Recital Society, како и настапи на Би-Би-Си во салата Кадоган и нејзиното деби со Гетеборгс Сyмфоникер и диригент Барбара Ханиган. Настапувала и како солист со Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си.

Соло настап на Ема Николовска во Елбфилхармонијата-Хамбург во декември

На 14 декември 2022 година Ема Николовска ќе гостува со својот прв рецитал во Малата сала на Елбфилхармонијата во Хамбург. Таму младата мецо-сопранистка блесна на фестивалот „Песна на Америка: прослава на црната музика“, а во 2021 година настапувала во ораториумот на Шуман „Рајот и Пери“ и во Големата сала во февруари 2022 година заедно со големи имиња како Ана Прохаска и Флоријан Бош.

Во нејзината програма „Посветувања“ таа комбинира песни од многу различни епохи кои се занимаваат со односот меѓу човекот и природата и современиот свет. Станува збор за годишните времиња, смртта и повторното раѓање и љубовта – теми кои пејачката сака да ги расветли во „почитувана, но никако езотерична“ атмосфера.

За повеќе информации види тука:

www.elbphilharmonie.de/de/programm/ema-nikolovska-mezzosopran/18277

Bildrechte: Staatsoper Unter den Linden Berlin