Гордана Силјановска-Давкова: Првата македонска претседателка

Историски момент: Избор на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова за претседателка

Централниот совет на Македонците во Германија упатува искрени честитки до проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, која на 8-ми мај 2024 година беше избрана за претседателка на Македонија. Нејзиниот избор претставува историски момент за Македонија и носи нови перспективи и визии за иднината на земјата.

Во изборната ноќ, високи претставници на Централниот совет на Македонците во Германија, заедно со партнерската организација “Илинден”-Тирана од Република Албанија, имаа чест да гостуваат во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Таму присуствуваа во официјалното соопштување на изборните резултати и лично ги упатија своите честитки до професорката Силјановска-Давкова.

Проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова е ценета за нејзините извонредни академски и професионални достигнувања. Нејзината посветеност на правдата и благосостојбата на општеството ја доби довербата и поддршката од страна на гласачите.

Централниот совет на Македонците во Германија е уверен дека под нејзиното раководство, Македонија ќе продолжи да напредува и ќе се справи со сите предизвици пред неа. Изразуваме најискрени желби за успешен мандат на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова и за напредок и просперитет на нашата земја.

Проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова стои на страната на иднината, во која Македонија ќе го засили своето место како јака, демократска нација. Нејзината посветеност кон правниот ред, социјалната правда и економскиот напредок се ценат и ќе бидат основа за успешниот мандат.

За повеќе информации, ве молиме контактирајте:
Централниот Совет на Македонците во Германија
Прес-служба Телефон: (+49) 030/6098296-0
Е-пошта: info@zentralratdermakedonen.de