Cеминарот „Македонија – вчера, денес и утре“
Поповод тригодишнината од одржувањето на референдумот во Македонија, кога граѓаните се изјаснија за самостојна, независна и суверена Република Македонија, на 9 септември 1994 година во Берлин, беше одржан семинар на тема: „Македонија – вчера, денес и утре“. Организатори беа: МЦО „Свети Климент Охридски“ и германскиот новинар Матијас Дорнфелд, голем пријател на Македонија. Семинарот се одржа во големата сала на Шенеберг, поранешната зграда на градскиот парламент во Берлин. На неговото отворање присуствуваа голем број претставницина локалните власти од Берлин, на амбасадите од Русија, Англија, Бугарија, Турција и Хрватска, како и домашни и странски новинари.
Уводничари на семинарот беа: д-р Срѓан Керим, прв амбасадор на Република Македонија во СР Германија, Матијас Дорнфелд и Јордан Бошков, пратеникна првиот повеќепартиски парламент во Македонија. Амбасадорот Керим поздравувајќи ги гостите направи краток осврт на позначајните дати од историјата на Македонија, кои се дел на континуитетот на македонската државност:
„Осми септември во историјата на Македонија зазема посебно место и е продолжение на духот на Крушевскиот манифест од 1903 година и на одлуките од Првото заседание на АСНОМ, одржано во 1944 година. Сето тоа, претставува континуитет на македонската државност, проткаен со решителна определба на граѓаните на Република Македонија, да стане современа, парламентарна и демократска држава, според меѓународните правни норми и принципи. Република Македонија е најмлада држава на Балканот и во Европа. Но, според историскиот стаж, македонскиот народ спаѓа во редот на европските народи, со долгаибогата традиција, проткаена со многу тешкотии и маки и со непрекинат стремеж, да го зачува својот идентитет. Република Македонија е земја со силна и развиена европска припадност. Таа, по распадотна поранешна СФРЈ, го стекна својот суверенитет и државност на мирен и легитимен начин. Не учествуваше во војната на просторотна поранешна Југославија. Се определи за целосен развој на пазарната економија и за парламентарна демократија. Изгласа устав кој почива на принципите на граѓанското општество и правната држава. Се определи и институционално ги вгради во политичкиот поредок, принципите на меѓуетничката и верската толеранција и разбирање. Правата на националностите кои живеат во Република Македонија, се втемелени врз принципите на меѓународното право и практика. Трајната определбана Република Македонија е европезација на Балканот, а не балканизација на Европа. Затоа, Република Македонија е за добрососедство и целосна соработка на Балканот, за почитување на постојните граници меѓу државите и против ескалација на конфликти во регионот“, истакна во своето излагање, амбасадорот Керим.
Пратеникот Јордан Бошков, посебен нагласок стави на трнливиот пат што го минува Република Македонија за меѓународно признавање, подвлекувајќи дека процесот кој се уште трае, не е заокружен и носи горчлив вкус, поради необјективната модификација на името нанашата држава, а кај населението губење доверба во демократските институции. Во тој контекст Бошков рече, дека граѓаните на Македонија огромни надежи полагаат на вторите редовни парламентарни избори.
Матијас Дорнфелд подвлече, дека треба да се знае вистината за Македонија, поради што и се одржува овој семинар, како и да се отстрани грчкото ембарго, воведено со цел да се скрши и да се уништи македонското стопанство:
„Поминаа шестмесеции Македонија сепак живее и опстојува, а грчките планови за такво нешто не се реализираа. Срамно е како членка на Европската заедница, да воведува ембарго и да ја блокира Македонија за прием во меѓународните институции“, рече германскиот новинар.
Во богатата дебата, беа упатени повеќе прашања. Тројца грчки новинари, се обидоа да ги испровоцираат уводничарите и да го минираат семинарот. Меѓутоа, модераторот на семинарот, г. Матијас Дорнфелд, навреме реагираше и дискусијата продолжи да се одвива на високо ниво. Во рамките на семинарот беше отворена изложба на фотографии, за судбината на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. Имаше и изложба на фотографии на Евелин Краузе, добар познавач на Балканот и експерт за македонските народни носии и ора. Македонскиот артист Петар Темелковски, ја изведе монодрамата „Така зборува Исидор Солунски“, оставајќи голем впечаток.
Вториот cеминар за Македонија, Берлин 08.09.1995
И вториот семинар за Македонија, што беше одржан на 8 септември 1995 година, овој пат во Европската Академија во Берлин, придонесе за афирмација на Македонија во Германија. И овој семинар, го организираа Македонската православна црковна општина „Св. Климент Охридски“ и македонскиот клуб „Гоце Делчев“ од Берлин заедно со Матијас Дорнфелд. На најдобар можен начин, Македонците во германската метропола, ја одбележаа четиригодишнината од одржувањето на референдумот за самостојна, независна и суверена држава Република Македонија.
На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шедска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присиствуваат голем број журналисти, политичари и пријатели на Македонија.
Во холот, македонски момчиња и девојчиња, облечени во народна носија од неколку краишта на Македонија, гостите ги чекаа со погача и со сол, традиционален македонски начин за вакви пригоди.
Пред окулу 200 присутни семинарот го отвори г-д Матијас Дорнфелд , а co семинарот раководеше д-р Срѓан Керим, македонски амбасадор во СР Германија, кој беше и прв уводничар. Тој говореше на тема„ Република Македонија на патот за Европа“. Во кратки отосврт за состојбите и нејзиното осамостојување, истакна дека таа својата сувереност ја стекна на мирен, демократски начин, без да се пролее ни капка крв:
„Македонија цврсто чекори на патот за интеграција, во сите сфери на Европа и со надеж да стане членка на Европската заедница и на НАТО“, рече тој.
Амбасадорот Керим додава дека најголема пречка на нејзиниот пат е јужниот сосед- Грција, која се спротивставува на интеграционите процесии го оспорува уставното имена Република Македонија, кое е вековно име на Македонците.
„Жално е дека некои држави во нашето опкружување се поншаат како да се наоѓаме во 18. или 19. век. Судбината на нашата земја е Европа, а очекуваме помош од нашиод сосед Грција да ни помогне полесно да се интегрираме во таа Европа а не да кокетира со некои држави на балканот на кој етничкото чистење им е главна преокупација, патот на Грција кон Европа води низ Македонија, а патот на Македонија кон морето води преку Грција“, истакна г-д Керим.
„Германско-македонските односи во 20- тиот век“, беше тема на која говореше д-р Штефан Требст, од Институтот за источно-Европски прашања во Берлин, кој пред две години беше во мисијата на КЕБС во Македонија. Тој ја потенцира добрата соработка на политички, научен, културен и стопански план, особено во годините по осамостојувањето:
„Мaкедонско-Германските односи имаат подлабоки корени отколку што може еден актуелен момент да покаже, затоа во овој 20. век повеќе пати тоа се покажало, а како круна на сé е сегашното германско залагање за помош на Македонија: финансиски и за вклучување на Македонија во Европските институции. Германија на Македонија и е добар Пријател и соработката ќе треба да се продлабочува и да се зацврстува, за доброто на двете држави“, рече Требст.
Професорот д-р Волф Ошлис, докажан пријател на Македонија, во рефератот „Македонија1990-1995 година, оаза на мирот“, позитивно ги оцени настојувањата на државното раководство, конфликтите и проблемите да се решаваат на мирен начин, со дијалог, а не со ѕвецкање на оружје и со војна:
„Само на тој начин, Македонија ќе успее да се избори за својата самостојност“, подвлече тој.
Д-р Ошлис ја потенцираше мирољубивата на дворешна политика на Република Македонија:
„Иако Бадинтеровата комисија донесе одлука дека само Македонија и Словенија ги исполнуваат условите за признавање, Европа тоа не го стори. Европа под притисок на својата членка во Европската Унија Грција, донесе одлука против своите принципи. Но сепак Македонија успеа да избори меѓународно признавање, а сега од Европа се чека да и помогне на Македонија и на македонскиот народ кој е гостољубив и чесен, Македонија е моја втора татковина.“
На крајот од семинарот oрганизаторите за присутните приредија богат коктел, срдечно им се заблагодарија на спонзорите на овој втор по ред семинар во Берлин и тоа: Берлинската пивара “Берлинер Киндл”, “Глобал Флеиш” од Хамбург, ресторанот “Ново Скопје” од Берлин, “Експорт-Импорт Мак-Веин” Стојаноски од Вуппертал, Македонската Православна Црковна Општина “Свети Климент Охридски” од Берлин, а секако за одбележување е залагањето на македонките од Берлин кои испекоа прекрасни лебови и пити.
Дневниот весник „Нова Македонија“ го најави вториот семинар на 7 септември 1995 година, во написот се наведуваше:
“Во чест на четиригодишнината од прогласувањето на самостојна и независна Република Македонија, по вторпат, во германската метропола Берлин, македонскиот клуб “Гоце Делчев” од овој град, организира “Семинар за Македонија”.
Со семинарот ќе раководи д-р Срѓан Керим, амбасадор на Република Македонија во СР Германија, првиот воведен излагач кој ќе говори на тема: “Република Македонија на патот за Европа”. Потоа, со свои реферати ќе настапат: д-р Штефан Трeбст, од Институтот за источно-европски прашања во Берлин, кој пред две години беше во мисијата на КЕБС во Македонија, “Германско-Македонските односи во XX век” и д-р Волф Ошлис со темата “Македонија 1990-1995 година, оаза на мирот”.
На овој семинар се очекува да земат учество околy 150 дипломати, политичари и новинари од Берлин. Во организацијата е вклучен познатиот новинар Матијас Дорнфелд, македонски лобист од Берлин. Семинарот ќе се одржи во ратхаус Шонеберг, градско собрание на Берлин, каде пред почетокот ќе биде отворена изложба на фотографии “Македонија во пролетта 1995 година”, од познатиот германски фоторепортер Петер Гремц, кој во првата половина на годинава преcтојуваше во Македонија. – Киро Кипроски (известувач)