Cредба меѓу Централниот Совет на Македонците и Меглен Андреевски

Раководството на Централниот Совет на Македонците на 16 јануари 2022 година преку платфомата Zoom оствари средба со политиколог Меглен Андреевски.

Беа разменети идеи за проекти од областа на уметноста и културата. Меглен Андреевски е внук на покојниот македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски a татко му е познатиот сликар Сергеј Андреевски

По студирањето комуникациски науки, Андреевски дипломирал политички науки на Универзитетот во Нирнберг/Ерланген во 2016 година, каде што потоа и магистрирал. Андреевски завршил практикум како дел од стипендијата за меѓународниот парламент на Бундестагот во пратеничката канцеларија на Кордула Шулц-Аше (Сојуз 90/Зелени).

Г-дин Андреевски работи како продукт менаџер во енергетскиoт сектор.