
Раководството на Централниот Совет на Македонците на 9 јануари 2022 година преку
платфомата Zoom оствари средба со македонскиот историчар и политиколог, д-р Митко Јованов.
Теми на разговор беа актуелните состојби во Република Македонија и неговата истражувачка
работа на неговиот дисертациски проект во архивoт на Министерството за надворешни работи
на Сојузнатa Република Германија со наслов „Македонското прашање и ВМРО во германската
надворешна политика на Балканот од 1933 до 1944 година“, а се разговараше и за заеднички
проекти.
Политиколог Јованов кој се населил во Штутгарт, е исто автор на стручнатa книга со наслов
„Македонското прашање во политиката на Германија на балканот (1919-1933)“, објавена во 2009 година.
Во подготовка е детално интервју со д-р Јованов.