Cредба меѓу Централниот Совет на Македонците и д-р Бенјамин Лангер

Раководството на Централниот Совет на Македонците на 23 јануари 2022 година преку платфомата Zoom имаше средба со германскиот автор и преведувач за македонски јазик, д-р Бенџамин Лангер.

Д-р Лангер ја поздрави иницијативата на Централниот совет на Македонците за воспоставување контакт и за размислување на можностите за соработка во областа на култура и литература. Во подготовка е детално интервју со д-р Лангер. 

Д-р Бенџамин Лангер студирал германистика и историја на уметност во Бамберг, а како студент на Еразмус во Будимпешта, докторирал на германска филологија и има претставено серија литературни преводи од македонски јазик, за што добил награда од Македонската академија на науките и уметностите во 2017 година. Неговиот дисертациски проект „Чуден, далечен свет. Имагинации за Македонија во литературата на германски јазик од 19 век” е достапен од јули 2019 година во книжарниците и како публикација со отворен пристап на интернет. Неговите најнови објавени преводи, кои беа широко и многу позитивно оценети од германските книжевни критичари, се дела на познатиот македонски писател, покојниoт Петре М. Андреевски со наслов „Quecke“ (Пиреј), издадена 2017 г. и „Alle Gesichter des Todes“ (Сите лица на смртта), 2020 г. како и збиркатa нa раскази со наслов „Mein Mann“ (Мојот маж), 2021 г.  од македонската авторка на бестселери Румена Бужаровска.

Д-р Лангер работи на Универзитетот ФУ Берлин (FU Berlin) на одделот за меѓународни академски односи.