Веројатно ниту еден друг датум во германската историја на 20 век не предизвика емоции и предизвика контроверзни дискусии како 9-ти ноември. Падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, Кристална ноќ/ Ноќта на скршеното стакло во 1938 година, пучот на Хитлер во 1923 година, Ноемвриската револуција во 1918 година и неуспехот на Мартовската револуција во 1848 година: судбоносниот ден “9-ти ноември” ги симболизира надежите на Германците, но и патот до злосторствата на „Третиот Рајх“.
9 ноември 1989 година
Среќен датум за Германците. На денешен ден падна Берлинскиот ѕид, а една година подоцна Германија беше повторно обединета. Падот на Ѕидот го означува крајот на комунистичките диктатури во Германија и Европа.
9 ноември 1938 година
Овој ден е едно од најтемните поглавја во германската историја. Еврејските продавници и синагоги горат на таканаречената „Кристална ноќ“, во ноќта на погромот. Овој акт на масивно прогонување на Евреите асоцира на антисемитизмот во Германија и на промената кон еден развој што завршува со убиства на европските Евреи.
9 ноември 1923 година
Хитлеровиот пуч пропаѓа во Минхен, чија цел е „националната револуција“, односно отстранување на баварската влада и владата на Рајхот (Вајмарска Република).
9 ноември 1918 година
На 9 ноември 1918 година, Филип Шајдеман ја прогласил првата германска република. Ноемвриската револуција од 1918 година го доведе германскиот Рајх од уставна монархија во парламентарно-демократска република.
9 ноември 1848 година
Таканаречената мартовска револуција пропаѓа. Роберт Блум, модерниот, популарен водач на умерената политичка левица во парламентот на Паулскирхе во Франкфурт, стана симболична фигура за пресвртот на револуцијата помеѓу империјално-кралските трупи од есента 1848 до пролетта 1849 година. По задушувањето на востанието, Блум бил погубен на 9 ноември 1848 година.
Извор: Државен центар за граѓанско образование на сојузната покраина Баден-Виртемберг