Пред 5 години, после основачкото собрание одржано на 3 октомври 2019 година, Окружниот суд во Берлин со решение од 28 јануари 2020 година го запиша во регистарот на здруженијата – Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V. ).
Основни цели и задачи на Централниот совет на Македонците во Германија е културно и економско обединување на Македонците во Германија, унапредување и продлабочување на македонско-германската соработка. Централниот совет на Македонците во Германија е регистрирано како непрофитно, непартиско и невладинско здружение.
Претседател на Централниот совет на Македонците во Германија е Роберт Кленкоски, заменик претседател Горан Николоски, благајник/секретар Роберт Пирковски.
Централниот совет на Македонците во Германија ги застапува интересите на македонската заедница и ги подржува македонските здруженија за ефективно исполнување на нивните задачи и цели.
Централниот совет на Македонците во Германија ги охрабрува сите заинтересирани невладини организации, здруженија и граѓани да се приклучат кон заедничките цели, да го подобрат животниот стандард на Mакедонците во општеството во кое живеат, својата татковина и светот, да ја одржуваат и шират македонската култура и да ги бранат правата на Mакедонците според меѓународното право и човековите права.
Од 2020 година постој и веб страна www.zentralratdermakedonen.de со разни содржини од културата до политика на македонски и германски јазик.
По овој повод Управниот одбор им го честита јубилејот на сите членови и се заблагодарува и на верната читателска публика, која покажа интерес кон содржините што ja понуди веб страната.
Да нѝ се множат јубилеите и понатаму!