Стипендии за летни курсеви по германски јазик во Баварија 2022 година

Централниот Совет на Македонците информира за понуда за стипендии на Слободната држава Баварија во Германија за летни курсеви по германски јазик во 2022 година, со цел оваа информација најшироко да се пренесе до студентите и други заинтересирани страни. Стипендиите за курсеви во Баварија вклучуваат школарина, сместување и оброци; во случај на онлајн курс, цената на курсот ќе биде покриена.

Студенти и млади академици од сите дисциплини со средно познавање на германскиот јазик (најмалку Б1-ниво) од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Русија, Србија, Словенија и Украина можат да аплицираат за стипендии за летен курс BAYHOST. Во моментот на аплицирање, студентите треба да имаат завршено најмалку два цели семестри на високообразовниот институт и да обезбедат соодветни оценки. Апликантите мора да имаат државјанство на една од подобните земји.

Апликантите треба да ги испратат сите документи по пошта до BAYHOST најдоцна до 23 март 2022 година (датум на прием).

Дополнителни информации за летните курсеви и процесот на аплицирање се достапни на веб-страницата на BAYHOST:

https://www.uni-regensburg.de/bayhost/english-1/bayhost/english/scholarships/language-courses-in-bavaria/

Напомена: поради тековната пандемија сè уште не е јасно кои летни курсеви може да се одржат на баварските универзитети во 2022 година. распределбата на стипендијата се одвива од април до јуни според достапните летни курсеви (онлајн / на лице место во Баварија). Доколку има некакви потешкотии при собирањето/испраќањето на апликацијата за стипендија до BAYHOST (предизвикана од пандемијата), организаторот треба да се контактира преку doeppe@bayhost.de  што е можно поскоро и со цел да се обидат да најдат соодветно решение.

Информации и за повеќе други програми може да се најдат на:

https://www.uni-regensburg.de/bayhost/aktuelles/