Претседателот Роберт Кленкоски и заменик претседателот Горан Николоски преку платформата Зоом се сретнаа со адвокатот Горан Брониш.
Македонецот по избор, како што самиот се опишува, студирал политички науки, руски, исламски студии и право на Рајнише Фридрих-Вилхелмс-Универзитет во Бон
Брониш работеше јуристички и комерцијално за неколку компании во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и организираше трговски односи низ целиот свет. Бил вработен во Француско-германската стопанска комора во Париз/Франција и е член на француско-германското здружение на правници.
Г-дин Брониш работи за адвокатската канцеларија “Штефан Принц М.А. & Горан Брониш” во Диcелдорф. Неговите области на експертиза се кривичното даночно право, трговското кривично право и прописите за усогласеност.
Освен германски и македонски, зборува и српско-хрватски, англиски, француски, италијански и руски јазик. Неговиот татко е писателот, поет и преведувач Матијас Брониш.
Управниот одбор на Централниот совет на Македонците во Германија му благодари на г-д Брониш за оваа исклучително интересна средба и му посакува понатаму многу успех.