Датум: 20 јули 2023 година
Денеска се одржа значаен онлајн разговор помеѓу Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија, и министерката Луција Путрих, полномошничката на земјата Хесен при Бундестагот за федерални и европски прашања. Средбата беше поддржана од Уте Штетнер, директорка на Одељението за европски и меѓународни работи во Хесенската државна канцеларија. Цел на овој разговор беше поддршка на конструктивен дијалог и засилување на соработката поврзана со Македонија.
Една од главните теми на средбата беше заедничката поддршка за нови проекти што ќе допринесат кон интеграцијата на Македонија во Европската унија. Министерката Луција Путрих извести за успешното патување на делегацијата во Македонија на крајот на 2022 година, при што беше истражена актуелната политичка ситуација во земјата и беше зајакнато партнерството со македонскиот збратимен град на Грош-Цимерн, Крива Паланка.
Во текот на ова патување беа водени различни разговори и разгледуваа можности за идни соработки и размена помеѓу германските и македонските општини. Роберт Кленкоски ја истакна клучната улога на Централниот совет на Македонците во Германија како централна организација која одржува и поддржува контакти со локалното и федералното ниво во Македонија.
Централниот совет на Македонците во Германија ја понуди својата поддршка како сопроводител на идни проекти. Оваа значајна улога овозможува создавање на тесни врски помеѓу општините во Германија и Македонија, што овозможува ефикасна размена на искуства и знаења.
Министерката Луција Путрих го нагласи значењето на овие проекти за европската интеграција на Македонија и засилување на билатералните односи помеѓу Германија и Македонија. Соработката помеѓу Централниот совет на Македонците во Германија, македонската заедница во Германија и политичките инстанци е од големо значење за изградба на одржливо партнерство засновано на меѓусебно доверие и почитување.
Онлајн средбата помеѓу Роберт Кленкоски и министерката Луција Путрих претставува значаен чекор кон засилување на соработката и поддршката за Македонија во нејзиниот пат кон Европската унија и за подобрување на германско-македонските односи.