Берлин, 13. Октомври 2024 – Во рамките на неговиот престој во Берлин, Премиерот на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, ја посети македонската заедница во Германија во Македонската амбасада. Оваа посета беше важна платформа за размена помеѓу Владата на Македонија и претставниците на македонската заедница во Германија.
Присутни на средбата беа високи членови на Централниот совет на Македонците во Германија, вклучувајќи го претседателот Роберт Кленкоски, заменик-претседателот Горан Николоски, како и членот на управниот одбор за финансии, Роберт Пирковски.
Унапредување на односите
Во центарот на средбата беше унапредувањето на односите помеѓу Македонија и македонците што живеат во Германија. Теми како интеграција, економска соработка и промоција на македонската култура во Германија беа длабински разгледувани. Проф. д-р Мицкоски ја истакна значајната улога на македонците што живеат во Германија за економскиот и културниот развој на земјата и повика на поблиска соработка.
Образовни проекти и културни иницијативи
Особен акцент беше ставен на поддршката од Централниот совет, особено преку образовни проекти како финансирањето на книгата „Создавањето на независна Република Македонија“ од д-р Дејан Маролов и Оливер Митев, која е преведена на германски јазик и ќе биде дистрибуирана на германските библиотеки и образовни институции. Едно копие од книгата му беше предадено на г. Мицкоски. Овој проект ги симболизира напорите за промоција на историјата и културата на Македонија во Германија и има за цел да обезбеди директни информации и за студентите во Германија по германски јазик од наша гледна точка на историјата.
Поглед кон иднината
На следниот ден, 14. Октомври 2024, Премиерот Мицкоски ќе учествува на јавна дискусија организирана од Германското друштво за надворешна политика (DGAP) во рамките на Берлинскиот процес. Оваа настан ќе понуди можност за разгледување на плановите на Владата на Мицкоски, особено во однос на предизвиците и можностите за проширување на ЕУ. Исто така, тој ќе се осврне на тензиите со Бугарија и Грција, кои ги отежнуваат почетокот на преговорите за пристапување на Македонија. Дополнително, теми ќе бидат очекувањата на неговата Влада од новата Европска комисија и планот за раст на ЕУ, како и безбедносната ситуација на Западен Балкан.
Посетата на проф. д-р Мицкоски во Берлин служи не само за зајакнување на врските помеѓу Македонија и македонците што живеат во Германија, туку и како платформа за промоција на европската интеграција и за разгледување на политичката и економската иднина на Македонија.