• Молба (се пополнува во Амбасадата)
  • Барање за запишување на брак во матичната книга на венчаните на Република Македонија (се пополнува во Амбасадата)
  • Извод од матичната книга на венчаните на интернационален образец за земјите членки на Конвенцијата за издавање изводи од матичната книга на повеќе јазици/Виена 1976. За државите кои не се членки на Конвенцијата (како што е пр. Египет), изводите од матичната книга на венчаните треба да бидат легализирани со печат АПОСТИЛ и со заверен превод на македонски јазик.
  • Уверенија од државјанство на Република Македонија
  • Патни исправи (горенаведените документи се доставуваат во оригинал и копија)
  • Доказ за законски престој во државата каде што е склучен бракот